4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината веројатно
не се монтирани во фабриката, туку треба да се
монтираат по вадење на амбалажата следејќи ги
следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа треба
да се извршат на цврста и рамна површина
со доволно простор за поместување на
машината и на амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете ја машината
пред да завршите со сите постапки наведени
во поглавјето „МОНТИРАЊЕ".
ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
4.1
Во амбалажата има и делови за монтирање
наведени на следната табела:
Лост за наведување со заштита
Синџир со запци
Клуч (ако е предвидено)
Документација
Распакување
4.1.1
1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги
расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде
се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се
монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно
локалните одредби.
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
4.2
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш
носете
за работа кога ракувате со лостот и со
синџирот. Обрнете максимално внимание
при составување на лостот и синџирот за да
не се нарушат безбедноста и ефикасноста
на машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции откако ќе ја
извадите батеријата.
масивни
ракавици
Пред да го поставите лостот, уверете се
дека сопирачката за синџирот не е вметната
(пасус 5.4).
1. Со помош на клучот, одвртете ја навртката или
завртете го копчето за затегнување (Сл. 3.A) и
извадете го картерот на синџирот (сл. 3.B) за да
дојдете до дискот за преносот и до лежиштето
за лостот.
2. Поставете го лостот (Сл. 4.A) ставајќи го клинот
(Cл. 4.B) на место (Сл. 4.C) и свртете кон
задниот дел на машината.
3. Проверете дали клинот за држење на синџирот
(Сл. 4.D) е правилно ставен на свое место во
отворот на лостот. Ако не е така, тогаш вртете го
шрафот за задршка на синџирот со шрафцигер
(Сл. 4.E) додека клинот не се постави докрај.
(ако е предвидено).
4. Закосете ја машината за да обезбедите
вметнување на синџирот околу запците (Сл. 5).
5. Поставете го синџирот (Сл. 6.А) околу запците
за влечење (Сл. 6.B) и долж водилките на
лостот (Сл. 6.C), внимавајќи да го почитувате
правецот на монтирање.
6. Ако крајот на лостот е опремен со запци
за одложување, внимавајте почетокот на
влечењето за синџирот да се вметне правилно
во празнините на запците (Сл. 7).
7. Ставете го картерот (Сл. 8.А) без целосно да ја
зацврстите навртката или копчето (сл. 8.B).
8. Дејствувајте соодветно на завртката за
затегнување на синџирот или на прстенестата
навртка (Сл. 9.A) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот (сл. 10)
(пас. 6.1.3).
9. Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го
шрафот на картерот докрај со помош на
приложениот клуч или навртка (Сл. 11.А).
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
КОМАНДА НА РАЧКАТА ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ
5.1
Дозволува активирање на синџирот.
Рачката со командата за забрзување може да се
активира (Сл. 12.A) само откако ќе се притисне
копчето за блокирање на забрзувачот (Сл. 12.B).
Уредот со сечивото застанува автоматски со
пуштање на рачката за забрзување.
MK - 9
Правец на
монтирање на
синџирот