Télécharger Imprimer la page

ST MP 500 Li 48 Manuel D'utilisation page 288

Masquer les pouces Voir aussi pour MP 500 Li 48:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 192
5.3 КОПЧЕ ЗА БЛОКАДА
НА ЗАБРЗУВАЧОТ
Копчето за блокада на забрзувачот
(сл. 11.В) овозможува активирање на
командата за забрзување (сл. 11.A).
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО Погледнете го соодветното
упатство во однос на работата на
моторот и батеријата (ако има).
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
6.1.1 Контрола на батеријата
• Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот
за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата
6.1.2 Употреба на појасот
Машината мора да се користи
секогаш закачена на ременот правилно
и така да се носи кога се користи
шипката за продолжување. Редовно
проверувајте ја ефикасноста на копчата
за брзо откачување што овозможува
брзо да ја ослободите машината од
ременот во случај на опасност.
Појасот треба се стави пред да се закачи
машината за соодветниот прицврстувач
и ременот треба да се регулира во однос
на висината и тежината на корисникот.
• Ременот (сл. (12.А) мора да мине над
левото рамо кон десниот колк.
• Закачете го копчето (сл. 12.B) на местото
за прикачување на контролната шипка.
• Доколку е потребно, откачете го
копчето на клипот (сл. 12.C) за да ја
извадите машината од ременот.
6.1.3 Дополнување масло и
подмачкување на синџирот
Пред да ја користите машината,
дополнете масло за подмачкување на
синџирот. За начинот и постапката при
дополнување масло, (видете пасус 7.3).
6.1.4 Контрола на затегнатоста
на синџирот
Спроведете ги сите
операции со изгасен мотор.
Проверете ја затегнатоста на синџирот.
Затегнатоста е правилна кога, држејќи го
синџирот на средината на лостот, носачите на
преносот не излегуваат од лежиштето (сл. 7).
За регулација на затегнатоста на синџирот:
1. разлабавете го регулаторот
на картерот (сл. 3.A).
2. вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 5.D) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот;
3. држејќи го лостот подигнат, зашрафете
го докрај регулаторот (сл. 8.A).
Не работете со олабавен синџир
за да не предизвикате опасни
состојби во случаи кога синџирот
може да излезе од запците.
ВАЖНО Во текот на правата
употреба (или по замена на синџирот),
неопходна е честа проверка заради
проверка на лежиштето на синџирот.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
Секогаш проверувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
6.2.1 Општи безбедносни контроли
Предмет
Рачки и заштити
Шрафови на
машината и сечивото
MK - 10
Резултат
Чисти, исушени,
правилно и цврсто
фиксирани на
машината.
добро зашрафени
(не разлабавени)

Publicité

loading