Télécharger Imprimer la page

Skil 7207 Notice Originale page 95

Masquer les pouces Voir aussi pour 7207:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
- поставете го приклучокот за "лајсни" како што е
прикажано
• Вшмукување прашина 8
- монтирајте кеса за прашина G
- празнете ја редовно кесата за прашина за да
постигнете оптимално собирање на прашината
! не користете ја кесата за прашина за
собирање прашина кога брусите метал
• Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот H 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Држење и насочување на алатот 9
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
! не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја
заврши работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете го алатот со стандардната ножна педала
за големи работни површини, агли и рабови 0
• Користете го алатот со специјалните приклучоци за
пескарење за недостапни места !
• Флексибилната шмиргла за пескарење е наменета
за
- заоблување на површини со рабови @a
- сите заоблени површини со максимален дијаметар
од 10 см @b
• Кога делта-врвот е изабен или оштетен на врвот,
може да му го продолжите рокот на употреба за
двапати ако го извадите, го свртите за 120° и да го
вратите на место (применливо е и за делта-
шмирглата за пескарење) #
• Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за
дрво и за метал
• Препорачана рапавост на брусната хартија
груба -
за отстранување боја, за пескарење
исклучително грубо дрво
средна - за пескарење грубо или рамно дрво
фина -
за мазнење дрво, за завршување на
површината на оголено дрво, за мазнење
површини со стара боја
• Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење J 2)
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина
од брусењето
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот $ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
05.09.2014
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 71 dB(A) а нивото на звучна моќност 82
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
14,3 м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
95

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

F0157207