- исклучете го алатот со едновремено пуштање на
прекинувачот A или на прекинувачот B
•
Работа со алатот
! започнете со поткастрување само кога работи
моторот
! не сечете партерни растенија за да спречите
земјата/песокот да ги оштетат сечивата за
косење D
! не оптоварувајте го алатот со сечење дршки
подебели од 20 мм
- оддалечете ја машината од областа за сечење пред
да ја исклучите
! по исклучување на машината, сечивата
продолжуваат да се движат уште неколку
секунди
•
Заштитник за врвот на сечивото F 2
- спречува повратен удар на алатот ќе се допрат
цврсти предмети (како столбови на оградата или
ѕидови на куќата)
- ги заштитува сечивата од оштетување
•
Поткастрување жива ограда e
- прво поткастете ја живата ограда од страните (од
долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел
- поткаструвајте ја страната на живата ограда така
што таа да биде делумно потесна горе
- користете рачна пила или макази за кастрење за
да ги отсечете подебелите гранки
•
Држење и насочување на алатот r
- цврсто држете ја машината со двете раце и
заземете безбеден став
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- водете ја машината пред вас
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
За поткастрување жива ограда со изедначена
висина
- затегнете конец долж живата ограда на саканата
висина
- поткастрете ја живата ограда токму над конецот
•
Препорачано време за сечење/поткастрување
(западна Европа)
- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни
лисја во јуни и октомври
- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во
април и август
- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите
брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до
октомври
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот и сечилата треба да секогаш да бидат чисти
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- чистете ја машината со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- чистете ги отворите за вентилација G 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
- по употреба, секогаш внимателно исчистете и
делумно подмачкајте ги сечивата за косење
! носете ракавици кога ракувате или ги чистите
сечивата
•
Редовно проверувајте ја состојбата на сечивата и
затегнатоста на навртките на сечивото
•
Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
•
Острење на сечивата
! извадете ја батеријата од машината
- острете ги сечивата со мала и мазна турпија кога
ќе се оштетат од остар предмет
- сепак, ви препорачуваме обучено лице да ги остри
сечивата
- подмачкајте ги сечивата по острење
•
Чување t
- внимателно поставете ја шината за складирање
J на ѕид со 2 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
- ставете ја заштитата за сечивото K кога ја
одложувате машината
- пред да ја одложите машината, избришете
ги сечивата со крша натопена во масло за да
спречите корозија
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со производот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! во случај на електричен или механички дефект,
веднаш исклучете го алатот и извадете ја
батеријата
Моторот не се вклучува или се исклучува
неочекувано
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- сечилата се заглавени -> исчистете го заглавениот
материјал
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината работи со прекини
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- насочувачот е блокиран со стран предмет ->
тргнете ја блокадата
Моторот работи но сечивата не се движат
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
125