- кога прекинувачот A 2 не е притиснат, осовината
е заклучена
- тоа ви овозможува да го користите алатот како
шрафцигер (дури и кога е празна батеријата)
• Светло ^
Светилката J се вклучува автоматски кога ќе го
активирате прекинувачот A 2
• Место за чување на бургијата однапред &
• Дополнителен простор за чување на бургиите*
- овозможува простор за 2 бургии
- зашрафете го местото за чување на бургиите L
оддесно или одлево на алатот
• Шнола за ременот(
Зашрафете ја шнолата за ременот M оддесно или
одлево на алатот
• Држење и насочување на алатот )
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- отворите за ладење P 2 држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
• За оптимална употреба на апаратот потребен е
постојан притисок на завртката, особено во текот на
одвртувањето
• При завртување на завртката во тврдо дрво
претходно треба да се издупчи дупка
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот
- исчистете ги контактите на полначот или со
алкохол или со чистач за контакти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
• Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот или
полначот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на
www.skilmasters.com)
- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот
и батеријата на застапникот или во сервис на
SKIL
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
• Акумулаторската батерија треба прописно да се
отстрани во отпад и не смее да се фрла во
домашниот отпад (на тоа потсетува симболот 9)
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините полови
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60335, EN 61000, EN 60745, EN
55014 во согласност со одредбите во директивите
2006/95/EG, 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2011/65/ЕУ,
2009/125/EG (EУ регулатива 1194/2012)
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
18.12.2013
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 75 dB(A) а нивото на звучна моќност 86
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација ✱
м/с² (hand-arm метода; несигурност К = 1.5 м/с²)
✱ при дупчење во метал <2.5 м/с²
✱ при зашрафување <2.5 м/с²
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
121