дали ножевите не се допираат за
предмети коишто може да се отфрлат.
6.3.1 Поаѓање
1. Закосете го чистачот внимателно
наназад и подигнете ги ножевите
малку над земјата.
2. Притиснете и задржете го
копчето за деблокирање на
рачката за палење(сл. 8.C).
3. За палење, повлечете ја рачката
за палење (fig. 8.B).
4. Пуштете го копчето за деблокирање
на рачката за палење
Ако ножевите се блокирани,
не вклучувајте го моторот.
Машината има автоматска заштита
„спас за моторот" и кога ќе се
активира, го задржува повторното
палење на моторот неколку секунди.
6.3.2 Работа
Спуштете ги ножевите врз земјата и
почнете да го расчистувате снегот.
Секогаш изгаснете го моторот пред
да пристапите кон деблокирање.
6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, ослободете
ја рачката за палење (сл. 8.B).
ВАЖНО Ако треба да се оддалечите
од машината, извадете ја батеријата.
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
• Расчистувањето на снегот е поефикасно
кога тој е уште свеж. Поминете неколку
пати по зоните што веќе сте ги исчистиле
за да ги расчистите остатоците од снег.
• Ако е можно, исфрлајте го снегот
во правецот на ветрот. Проверете
го растојанието и правецот на
расфрлање на снегот.
• Ако има силен ветер, спуштете го
дефлекторот за да го насочува снегот врз
земјата со што се намалува можноста
ветрот да го разнесе во несакан правец.
• На крајот на работата, оставете ја
машината да работи уште неколку
секунди за да избегнете формирање
мраз кај отворот за исфрлање.
6.5.1 Исушен и нормален снег
Снег висок до 20 см може да се расчисти
побрзо ако се работи со рамномерна
брзина. Ако снегот е повисок и тежок,
намалете ја брзината и оставете ја
машината да работи во свој ритам.
6.5.2 Мокар и набиен снег
Напредувајте полека. Избегнувајте
да го користите задното сечиво за
отстранување на набиен снег и мраз.
ВАЖНО Интензивната работа со
машината на мокар и набиен снег може
да предизвика дефект на лежиштата
за ножевите за расчистување.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Отворете го капакот за пристап до
отворот за батеријата (сл. 7.А)
Батерија од 48 V
• Притиснете го крилцето што ја блокира
батеријата на нејзиното место и
извадете ја од лежиштето (сл. 7.B).
Батерија од 80 V
• Притиснете го крилцето што ја блокира
батеријата во отворот на нејзиното место
(сл. 7.C) и извадете ја батеријата (сл. 7.D).
• Исчистете го со лопатка целиот снег
што останал на машината (пас. 8.2).
• Поместете ги сите команди
напред и назад неколку пати.
• Затегнете ги шрафовите што се
разлабавиле во текот на работата.
• Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е неопходно,
заменете ги оштетените делови.
Не покривајте ја машината
додека не се излади моторот.
7. ПОЛНЕЊЕ И ГРИЖА
ЗА БАТЕРИЈАТА
• Батеријата треба да се чува во средина
и на температура меѓу +7° и + 40°C. Во
случај кога се поставува во машината
во средина каде има можност да се
надминат овие ограничувања, потребно
е да се извади батеријата и да се
постави одново на соодветно место.
MK - 10