Bosch 0 607 459 203 Notice Originale page 174

Masquer les pouces Voir aussi pour 0 607 459 203:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-1578-004.book Page 174 Monday, October 10, 2016 1:03 PM
174 | Македонски
Пневматски рамен одвртувач
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014
Монтажа
Уред за закачување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување, внимавајте на тоа, алатот
најпрво да го прицврстите во уредот, пред да го
приклучите на напојување со воздух. На тој начин
нема невнимателно да го употребите.
Со обрачот за закачување 4 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Децентрализиран воздуховод
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 8, и
заменете го со спојница за црево 11.
– Олабавете го држачот за 12 цревото за одвод на воздух
, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 11, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
1 609 92A 37J | (10.10.16)
0 607 459 ...
0 607 459 ...
кг
0,23
Фунта
0,4
– Пред приклучувањето на напојување со воздух за
пневматските алати, повеќепати активирајте го лостот 5
со стартот за лост.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика A)
– Зашрафете спојница за црево 11 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 11 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 12 цревото за довод на
воздух 13, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 11, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот (види слика B)
– Отстранете го капачето за зашрафување 2 (лев навој)
од куќиштето 3 и отшрафете ја преклопната навртка 10.
– Ставете го битот на одвртувачот 16 во прифатот за алат
1 и зашрафете ја преклопната навртка 10.
– Поставете ја повратната пружина на водечката чаура 15
над битот за одвртувачот 16 и преклопната навртка 10.
– Вметнете ја водечката чаура 14 во капачето за
зашрафување 2 и зашрафете го капачето на куќиштето 3.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 1. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
Доколку се прекине напојувањето со воздух или се намали
работниот притисок, исклучете го пневматскиот алат и
проверете го работниот притисок. При оптимален работен
притисок, одново вклучете го алатот.
Старт на притискање со спојка за исклучување
0 607 459 203/... 205
Пневматските алати имаат спојка за исклучување, која
зависи од вртежниот момент, и се подесува во повеќе
граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот
вртежен момент.
0 607 459 ...
0,23
0,23
0,4
0,4
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

0 607 459 2040 607 459 205

Table des Matières