Моделот ENT-ACC101 е шипка за кревање наменета да им помогне на пациентите
да се позиционираат на креветот. ENT-ACC101 се доставува со приспособлив синџир
и рачка, а погоден е за употреба со баријатрискиот кревет на ArjoHuntleigh Citadel Plus.
Не надминувајте го безбедното работно оптоварување
од 150 kg (330 lbs.)
Не користете ги шипките за кревање за да го туркате
или влечете креветот.
Не закачувајте друга опрема на шипките за кревање.
Користете го само препорачаниот синџир и склоп на рачката,
т.е. дел број 20969.
Шипките за кревање мора да се користат како комплет за
соодветна употреба на ENT-ACC101.
Погледнете ги упатствата за користење на креветот за да ја
потврдите компатибилноста со овој додаток пред да го користите.
Шипките за кревање мора да се постават, така што склопот на
рачката ќе виси над средината на креветот.
Не дозволувајте синџирот и склопот на рачката
да висат надвор од периметарот на креветот.
За да се намали ризикот од заробување на
пациентот, крајната табла за главата мора да
биде наместена цело време додека се монтирани
шипките за кревање.
Во креветот не смее да има пациент додека се
монтираат шипките за кревање.
Пред да се монтираат шипките за кревање, проверете дали
отворите за шипка за кревање на креветот не се оштетени.
Осигурете се дека шипките за кревање и склопот на рачката
се позиционирани, така што ќе одговараат на големината
и медицинските потреби на пациентот.
Лица помлади од дванаесет години не смеат да ги користат
синџирот и склопот на рачката.
Редовно проверувајте ги синџирот, склопот на рачката и склопот
на трапезниот држач. Доколку најдете знаци на изабеност или
оштетување, отстранете ги веднаш и заменете го целиот комплет.
150
53