Bosch LR 60 Professional Mode D'emploi page 148

Masquer les pouces Voir aussi pour LR 60 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
148 | Македонски
– LED-прикази за насока (LED): Трите LED-прикази за
насока (2), (4) како и (3) може да се сменат во
осветленостa или да се исклучат. LED-светилките
светат во избраната поставка.
– Осветлување на екранот (LIT): Осветлувањето на
екранот може да се вклучи (LED-светилката свети
зелено) или да се исклучи (LED-светилката свети
црвено).
– Функција за зачувување на последниот прием
(MEM): Приказот за насока, на кој ласерскиот зрак го
напуштило полето за прием, може да биде вклучено
(LED-светилката свети зелено) или исклучено (LED-
светилката свети црвено).
Освен поставувањето на осветлувањето на екранот, сите
други поставки при исклучување на ласерскиот
приемник ќе се зачуваат.
Функции
Режим на централна линија (само со GRL 600 CHV)
(види слика C)
Во режимот на централна линија ротирачкиот ласер се
обидува автоматски да го порамни ласерскиот зрак на
средишната линија на ласерскиот приемник со движење
на ротирачката глава нагоре-надолу.
При хоризонтална положба на ротиричкиот ласер во
однос на X‑оска на ротиричкиот ласер, на Y‑оска или на
двете оски, ласерскиот зрак може истовремено да се
порамни (види „Определување на навалување со режим
на централна линија (види слика D)", Страница 148). При
вертикална положба на ротирачкиот ласер, можно е
само едно порамнување на Y‑оската.
Поставете го ротирачкиот ласер и ласерскиот приемник
така што ласерскиот приемник е во правец на X-оската
или Y-оската на ротирачкиот ласер. Доколку ласерскиот
зрак треба да биде порамнет на двете оски, тогаш
поставете еден ласерски приемник поврзан со
ротирачкиот ласер во правец на оските X и Y. Секој
ласерски приемник мора да биде во рамките на полето на
вртење од ±8,5 % на ротирачкиот ласер.
Вклучете го ротирачкиот ласер во режим на вртење.
За стартување на режимот на централна линија за
X‑оска притиснете го копчето Режим на централна
линија (17), за стартување за Y-оска копчето Режим на
централна линија (17) заедно со копчето Y‑оска (15). Ако
ласерскиот зрак треба да се порамни на двете оски во
исто време, режимот на централна линија мора да се
започне одделно кај секој ласерски приемник.
По стартувањето на режимот на централна линија,
ротирачката глава се движи горе-долу на ротирачкиот
ласер. За време на пребарувањето се прикажува во
приказот за текст (e) CFX (X‑оска) или CFY (Y‑оска).
Ако ласерскиот зрак го пресретне полето за прием (1) во
висина на средишната линија на ласерскиот приемник, се
прикажува во приказот за текст (e) XOK (X‑оска) или YOK
(Y‑оска) како и приказот Средишна линија (h). На
ротирачкиот ласер се прикажува вредноста на
1 609 92A 596 | (25.10.2019)
пронајденото навалување. Режимот на централна линија
автоматски завршува.
За да го прекинете режимот на централна линија,
притиснете го копчето Режим на централна линија (17) и
држете го притиснато.
Доколку ласерскиот зрак не може во рамките на полето
на вртење да ја најде средишната линија на ласерскиот
приемник, се прикажува во приказот за текст (e) ERR и
сите LED-прикази за насока светат. Притиснете кое било
копче на ротирачкиот ласер или на ласерскиот приемник
за да го прекинете режимот на централна линија.
Повторно позиционирајте го ротирачкиот ласер и
ласерскиот приемник, така што ласерскиот приемник се
наоѓа во рамките на полето на вртење од ±8,5 % на
ротирачкиот ласер. Осигурете се дека ласерскиот
приемник е порамнет со X-оската или Y-оската, така што
ласерскиот зрак може хоризонтално да помине низ
полето за прием (1). Потоа, одново стартувајте ја
функцијата.
Определување на навалување со режим на централна
линија (види слика D)
Со помош на режимот на централна линија,
навалувањето на една површина може да биде измерено
до макс. 8,5 %. За да го направите ова, поставете го
ротирачкиот ласер во подножјето на навалувањето во
хоризонтална положба на еден статив. X-оската или Y-
оската на ротирачкиот ласер мора да биде порамнета во
една линија со навалувањето што треба да се определи.
Вклучете го ротирачкиот ласер и оставете го да се
израмни.
Прицврстете го ласерскиот приемник со држачот на
мерна летва (25). Ставете ја мерната летва во подножјето
на навалената површина близу до мерниот уред.
Порамнете го ласерскиот приемник на мерната летва во
висината, така што ласерскиот зрак на ротирачкиот ласер
е прикажан како во средина ➊.
Потоа поставете ја мерната летва со ласерскиот
приемник на крајот на навалената површина на ➋.
Осигурете се дека положбата на ласерскиот приемник на
мерната летва останува непроменета.
Започнете го режимот на централна линија за оската што
е порамнета со навалената површина. По завршувањето
на режимот на централна линија, на ротирачкиот ласер ќе
се прикаже навалувањето на површината.
Филтер за заштита на стробоскоп
Ласерскиот приемник има електронски филтер за
стробоскопски светла. Филтрите ги заштитуваат на пр.
пречките од светлата за предупредување од градежни
машини.
Совети при работењето
Израмнување со либела
Со помош на либелата (7) може вертикално да го
порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник
води кон погрешно мерење.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières