Bosch GTL 3 Professional Notice Originale page 164

Masquer les pouces Voir aussi pour GTL 3 Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-828-006.book Page 164 Friday, July 1, 2016 12:52 PM
164 | Македонски
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите,
веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете
главата од ласерскиот зрак.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила
не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
 Мерниот уред смее да се поправа само од страна
на квалификуван стручен персонал со
оригинални резервни делови. Само на тој начин
ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
 Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат
другите лица поради невнимание.
 Не работете со мерниот уред во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Мерниот
уред создава искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
Мерниот уред и мерната плоча за
плафон 14 не ги принесувајте во
близина на пејсмејкери. Магнетите 4
на долната страна на мерниот уред како
и магнетите на мерната плоча за плафон
создаваат магнетно поле кое може да ја
наруши функцијата на пејсмејкерите.
 Мерниот уред и мерната плоча за плафон 14
држете ги подалеку од магнетски носачи на
податоци и уреди осетливи на магнет. Поради
влијанието на магнетите 4 на долната страна на
мерниот уред како и магнетите на мерната плоча за
плафон може да дојде до неповратно губење на
податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со
приказ на мерниот уред, и држете ја отворена додека
го читате упатството за употреба.
1 609 92A 1Z2 | (1.7.16)
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на
прави агли како и за израмнување на плочки под агол
од 45° и 90°.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува
на приказот на мерните апарати на графичката
страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Натпис за предупредување на ласерот
3 Копче за вклучување-исклучување
4 Магнет
5 Сериски број
6 Поклопец на преградата за батеријата
7 Фиксирање на поклопецот на преградата за
батерија
8 Приказ на батеријата
9 Целна табла за ласерот
10 Плоча за израмнување
11 Жлеб на плочата за израмнување
12 Заштитна ташна
13 Ласерски очила*
14 Мерна плоча за плафонот*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема
може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Ласер за плочки
Број на дел/артикл
Работно поле (со целна
табла за ласерот или со
плоча за плафон)
Точност на аголот
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови
на околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
2) Точноста на аголот помеѓу 45°-ласерска линија и
90°-ласерска линија изнесува макс. ±0,4 mm/m.
Серискиот број 5 на спецификационата плочка служи за јасна
идентификација на вашиот мерен уред.
GTL 3
3 601 K15 200
1)
20 м
2)
±0,2 мм/м
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières