Bosch GTL 3 Professional Notice Originale page 169

Masquer les pouces Voir aussi pour GTL 3 Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-828-006.book Page 169 Friday, July 1, 2016 12:52 PM
прикажано на горната страна на плочата за
израмнување.
Работење со целна табла за ласерот/мерна плоча
за плафон (види слика A)
Целната табла за ласерот 9 или мерната плоча за
плафон 14 ја подобрува видливоста на ласерскиот
зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на
ласерот 9 ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната половина ласерската
линија е видлива и од задната страна на целната табла
на ласерот.
Мерната плоча за плафон 14 (опрема) може да се
примени и за прикажување на ласерски линии. Како и
целната табла за ласерот, таа располага со една
рефлектирачка и една транспарентна половина.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина.
На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа
посветло за окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила
не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа
Проверка на прави агли (види слика A)
Поставете го мерниот уред во еден ќош од
просторијата и позиционирајте го, така што
0°-ласерска линија ќе поминува паралелно во однос
на референтната линија (напр. ѕидот). Измерете го
растојанието помеѓу ласерската линија и референтата
линија директно на мерниот уред на што е можно
поголемо растојание од мерниот уред. Израмнете го
мерниот уред, така што двете растојанија ќе бидат со
еднаква големина.
На крај измерете ги растојанијата на најмалку две
различни точки помеѓу 90°-ласерска линија и ѕидот.
Bosch Power Tools
Доколку растојанијата на 90°-ласерска линија се исти,
ѕидовите се под прав агол.
Поставување со квадратна мостра на плочка
(види слика B)
Поставете го мерниот уред во еден ќош, така што
0°-ласерска линија ќе поминува паралелно во однос
на ѕидот. Поставете ја првата квадратна плочка на
точката на пресек 0°- и 90°-ласерска линија.
Поставување со дијагонална мостра (види слика C)
Поставете го мерниот уред, така што 45°-ласерска
линија ќе ја обележува дијагоналната фуга на
плочките.
Поплочување на кујната (види слика D)
Најпрво одредете ја висината, каде што треба да почне
првиот ред со плочки. Прицврстете го мерниот уред со
плочата за израмнување 10 вертикално на ѕидот, така
што 90°-ласерска линија ќе го покажува долниот раб
на првиот ред со плочки.
Поплочување од раб (види слика E)
Поставете го мерниот уред на плочата за израмнување
10 на работ, така што едниот страничен жлеб 11 на
плочата за израмнување ќе легне директно на работ.
0°-ласерска линија треба да поминува паралелно во
однос на работ. 90°-ласерска линија го означува
долниот ред со плочки.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го
само во испорачаната заштитна ташна.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот
отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Доколку мерниот уред се расипе и покрај грижливото
одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само
Македонски | 169
1 609 92A 1Z2 | (1.7.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières