Содржина
Инструкции за безбедност _ _ _ _ _ _ _ 52
Програми _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 54
Инструкции за безбедност
Пред монтажата и употребата на овој
апарат, внимателно прочитајте ги
доставените упатства. Производителот
не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте
го упатството со апаратот за идна
употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица,
вклучително и деца, со намалени
физички сетила, намалени ментални
функции или недостаток на искуство и
знаење, да го користат апаратот. Тие
мора да бидат под надзор или да
добиваат упатства за ракување со
апаратот од лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од
дофат на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
52
Можноста за промени е задржана.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
пожар и електричен шок.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата
од плочката со спецификации
одговараат на напојувањето со
електрична струја. Ако не,
контактирајте електричар.
• Секогаш користете правилно
инсталирана приклучница, обезбедена
од струјни удари.
• Не употребувајте повеќекратни
приклучоци и продолжни кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го смените
оштетениот кабел.
• Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
• Не влечете го кабелот за напојување за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за
напојување.
Поврзување на водата
• Пазете да не го оштетите цревото.
www.zanussi.com