Télécharger Imprimer la page

Skil 8003 Notice Originale page 129

Masquer les pouces Voir aussi pour 8003:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
примената на електричниот алат, ја намалува
опасноста од повреда.
c) Избегнувајте невнимателно вклучување за
време на работата. Осигурајте се прекинувачот
да биде во "OFF" позиција пред да го ставите
штекерот во приклучокот. Доколку го носите
електричниот алат со прстот на прекинувачот
или го приклучувате апаратот кој е приклучен
со напојување на струја, може да предизвикате
незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите
за подесување или клучот за навртување.
Алатот или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на
уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности.
Завземете сигурен и стабилен став и во секој
момент одржувајте рамнотежа. На тој начин
можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите
кои се движат. Комотната облека, накитот или
долгата коса може да бидат фатени во деловите кои
се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете
дали се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во
наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го
користите од допирот на децата. Не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови
на уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да
се поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со
остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив
работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПИШТОЛИ НА
ТОПЛИНА
ПРЕД УПОТРЕБА:
• Пред секоја употреба проверете го
функционирањето на алатот и во случај на
неисправност однесете го на поправка кај стручно
лице; никогаш сами не отварајте го алатот
• Проверете ги кабелот и приклучокот пред секоја
употреба и во случај на оштетувања, однесете го кај
квалификувано лице да ги замени
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Повремено проверете го продолжниот кабел и во
случај на оштетување заменете го
• Алатот и неговиот прибор користете ги според ова
упатство за употреба и на начин што е пропишан
за овој алат; употребата на алатот за работи кои
не се вообичаени за овој алат можат да доведат до
опасност
• Овој алат не треба да го користат лица под 16
години
• Овој алат е наменет за употреба за лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сензорски или ментални способности или со помало
искуство и знаење, и доколку лицето задолжено за
нивна безбедност не им даде соодветна помош и
упатство за за тоа како да се користи алатот
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Проверете дали алатот е исклучен кога го
приклучувате во приклучокот
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА:
• Внимателно ракувајте со алатот; спречете
пожар и изгоретини
- не допирајте го отворот/млазникот за воздух и
загреаниот предмет; стануваат многу топли
- не доближувајте го премногу отворот/млазникот
до предметот врз кој работите
- не насочувајте го млазот со топол воздух предолго
на иста површина
- не гледајте никогаш во отворот/млазникот за
воздух
- носете заштитни ракавици и заштитни очила
- не насочувајте го млазот на топол воздух кон
други лица или животни
- не користете го алатот за сушење коса
129

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

F0158003dc