OBJ_BUCH-1360-005.book Page 373 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 38 до жлебот 18 за 0°. Лостот
16 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика X1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
10 и листот на пилата 40 на масата за пилата 38.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 40.
Поставување: (види слика X2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 73 со инбус
клучот (4 mm) 20 и свртете ја масата за пила 38 заедно
со скалата 37, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 59 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 37, олабавете ја
завртката 74 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Подесување на силата на затегнување на
затегнувачкиот лост 17 (види слика Y)
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост 17 може
дополнително да се поставува.
Проверете:
– Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Поставување:
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Свртете ја завртката за подесување 75 со клуч за
втиснување (17 mm) во правец спротивен на стрелките
на часовникот, за да ја намалите силата на затегнување
или свртете ја во правец на стрелките на часовникот за
да ја зголемите силата на затегнување.
– Поставете вертикален агол на закосување, повторно
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост 17 и проверете
дали е постигната посакуваната сила на затегнување.
Транспорт (види слика Z)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 целосно наназад и
фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување на
лизгачката рачка", страна 366).
– Проверете дали граничникот за длабочина 30 е
целосно притиснат наназад и дали завртката за
подесување 29 при движењето на лизгачката рачка без
да дојде во контакт со граничникот за длабочина
одговара на процепот.
Bosch Power Tools
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 31 не се притисне сосема
навнатре.
– Повлечете ги продолжетоците на масата за пила 11
сосема навнатре.
– Поставете вертикален агол на закосување од 0° и
цврсто затегнете ја затезната дршка 17.
– Свртете ја масата за пила 38 до крај на лево и затегнете
го копчето за фиксирање 15.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 76.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
7 или фатете го за жлебовите за држење 19 странично
на масата за пила.
При транспорт на електричниот апарат користете
само транспортни уреди, а никогаш заштитни уреди,
лизгачка рачка 28 или дршка 4.
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
– Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
– Редовно чистете го лизгачкиот валјак 23 и лизгачкиот
крак 28.
Македонски | 373
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)