Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GCM 12 JL Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 JL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-1600-005.book Page 310 Friday, December 16, 2016 9:23 AM
310 | Македонски
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 30 до жлебот 29 за 0°. Лостот
10 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика S1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 30.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 37.
Поставување: (види слика S2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 23.
– Притиснете го граничникот 26 сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
59 со обичен окаст или вилушкаст клуч (13 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 23.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 59.
Доколку показателот на агли 25 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 24, олабавете ја
завртката 58 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 30 до жлебот 29 за 0°. Лостот
10 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Свртете го граничникот 19 сосема наназад.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 23 и свртете го
кракот на алатот на дршката 4 до крај на лево (45°).
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила 30.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 37.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
60 со обичен окаст или вилушкаст клуч (13 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 23.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 60.
Доколку показателот на агли 25 по подесувањето не е во
иста линија со 45°-ознаката на скалата 24, најпрво уште
еднаш проверете ја 0°-поставката за аголот на закосување
и показателот на агли. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
1 609 92A 348 | (16.12.16)
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 30 до жлебот 29 за 0°. Лостот
10 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика U1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка 6
и листот на пилата 37 на масата за пилата 30.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 37.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 61 со инбус
клучот (4 mm) 17 и свртете ја масата за пила 30 заедно
со скалата 13, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 12 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 13, олабавете ја
завртката 62 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика V)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 20 може да се притисне
навнатре.
– Притиснете ги продолжетоците на масата за пила 15
сосема навнатре и фиксирајте го (затегнувачкиот лост
14 притиснете го надолу).
– Поставете вертикален агол на закосување од 0° и
затегнете го затегнувачкиот лост 23.
– Свртете ја масата за пила 30 до крај на десно и
затегнете го копчето за фиксирање 9.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 63.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
45 или фатете го за жлебовите за држење 16 странично
на масата за пила.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières