Bosch GCM 12 GDL Professional Notice Originale page 364

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 GDL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
OBJ_BUCH-1360-005.book Page 364 Wednesday, December 21, 2016 1:10 PM
364 | Македонски
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Вилушкаст клуч (големина: 8 mm)
– Прстенест, вилушкаст или клуч за втиснување
(големини: 10 mm и 17 mm)
Монтирање на копчето за фиксирање
(види слика a)
– Завртете го копчето за фиксирање 15 во соодветниот
отвор над лостот 16.
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 15
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика b1)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 12.
Монтажа на Bosch-работна маса
(GTA 2500 W, GTA 3700, GTA 3800) (види слика b2)
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
1 609 92A 2P3 | (21.12.16)
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика c)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната вреќичка за прав 1.
 Проверете ја и исчистете ја вреќичката за прав по
секоја употреба.
 За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
алуминиум, извадете ја вреќичката за прав.
– Прикачете ја и свртете ја кесата за прав 1 на адаптерот
за вшмукување 2, така што пинот на адаптерот за
вшмукување ќе се вклопи во жлебот на кесата за прав.
За време на сечењето, вреќичката за прав и адаптерот за
вшмукување никогаш не треба да дојдат во допир со
подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на адаптерот за вшмукување 2 може да
приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 mm).
– Цревото за вшмукување прикачете го во адаптерот за
вшмукување 2.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Чистење на адаптерот за вшмукување
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 2 мора редовно да се чисти.
– Извлечете го адаптерот за вшмукување 2 со вртење од
исфрлувачот на струготини 41.
– Отстранете ги искршените делови од работниот дел и
струготините.
– Повторно притиснете го адаптерот за вшмукување со
вртење во исфрлувачот на струготини, додека не се
вклопи преку затегнувачкиот прстен на исфрлувачот на
струготини.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières