Télécharger Imprimer la page

Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch LR 2 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour LR 2 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
Македонски | 169
(c) на екранот и соодветните средни LED-светилки (7).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (10) се прикажува со сигнален
тон.
Можете да ја зголемите гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален
тон (3), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (a) се појавува на екранот со една црта, при
повисока гласност со три црти, а при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, при секое притискање на копчето на
мерниот уред се слуша краток тон со ниска гласност за потврда.
Совети при работењето
Означување
На средишната ознака (8) од десната и левата страна на мерниот уред може да ја
означите висината на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на
полето за прием (10).
При обележувањето мерниот уред мора да биде прецизно израмнет вертикално
(при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален
ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак.
Прицврстување со магнет (види слика B)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите мерниот уред
со помош на магнети (5) на челичните делови.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
Bosch Power Tools
1 609 92A 4HW | (19.12.2018)

Publicité

loading