168 | Македонски
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (2). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко
светнуваат и се слуша сигнален тон.
По вклучување на мерниот уред, секогаш е поставена најниската гласност и
мерната точност „грубо".
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го копчето за вклучување/
исклучување (2). Сите LED светилки кратко светнуваат пред исклучувањето.
Доколку околу 20 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред и до приемното
поле (10) 20 min не достигне ласерски зрак, тогаш мерниот уред автоматски се
исклучува заради заштита на батеријата. Исклучувањето се прикажува со кратко
светнување на сите LED светилки.
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето Подесување на точноста при мерење (1) можете да утврдите со која
точност ќе се прикаже позицијата на ласерски зрак на приемното поле „средно":
– Точност при мерење „фино" (приказ (g) на екранот),
– Точност при мерење „грубо" (приказ (f) на екранот).
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (10):
– со помош на приказите за правец за „движење надолу" (d), „движење нагоре" (b)
одн. средина (c) на екранот (4) на предната и задната страна од мерниот уред,
– со LED светилките за „движење надолу" (6), „движење нагоре" (9) одн.
средина (7) на предната страна од мерниот уред,
– опционално со сигнален тон.
Мерниот уред е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак ја преминува
горната половина на полето за прием (10), тогаш светат приказите за правец (b) на
екранот и соодветните LED светилки (9).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката нагоре.
Мерниот уред е поставен високо: Доколку ласерскиот зрак ја преминува долната
половина на полето за прием (10), тогаш светат приказите за правец (d) на екранот
и соодветните LED светилки (6).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката надолу.
Мерниот уред е на средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за
прием (10) на висина на средишната ознака (8), тогаш светат средишната ознака
1 609 92A 4HW | (19.12.2018)
Bosch Power Tools