Извлечете го нанадвор механизмот за фиксирање (11) на преградата за батерии и
отворете го поклопецот на преградата за батерии (13). Ставете ја батеријата.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Кога предупредувањето за батеријата (e) ќе се појави за прв пат на екранот (4),
мерниот уред може да работи уште околу 2 h.
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолг период, извадете ја
u
батеријата. При подолго складирање, батериите може да кородираат и да се
испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Поставување на мерниот уред (види слика A)
Поставете го мерниот уред на оддалеченост најмалку 5 m од линискиот ласер.
Активирајте го режимот за прием на линискиот ласер и изберете режим на работа,
кај кој се произведува или хоризонтално или вертикално ласерско ниво.
Напомена: Не избирајте истовремено вид на режим со хоризонтално и вертикално
ласерско ниво (режим на вкрстени линии), затоа што може да настанат грешни
прикази на висината на ласерските зраци.
Поставете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до
приемното поле (10). Израмнете го на тој начин, така што ласерските зраци паѓаат
напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен сигнален тон. Затоа
u
држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
Bosch Power Tools
Македонски | 167
1 609 92A 4HW | (19.12.2018)