Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch PTD 1 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour PTD 1:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
воздухот е превисока или температурата на
површината е близу до границата на температурата на
точката на росење. Ознаката за релативна влажност
на воздухот (d) што трепка укажува на превисока
влажност во просторијата, ознаката за околна
температура (e) што трепка укажува на прениска
собна температура, ознаката за температура на
површина (h) што трепка укажува на топлински
мостови.
Ако постои ризик од мувла, во зависност од причината,
треба да ја намалите влажноста на воздухот со почесто и
темелно проветрување, зголемување на собната
температурата или отстранување на топлински мостови.
Доколку е потребно, контактирајте градежни експерти.
Напомена: со мерниот уред не може да се детектираат
спори на мувла. Тој само покажува дека доколку
условите останат исти, може да дојде до создавање на
мувла.
Дефект – причини и помош
Сите последователни пораки за грешка на екранот се
придружени со црвено сигнално светло (8).
Мерниот уред не е аклиматизиран
Мерниот уред бил изложен на
големи температурни разлики
и немал доволно време да се
прилагоди.
По 5 s мерниот уред автоматски се исклучува. Почекајте
околу 10 до 30 минути додека мерниот уред не се
прилагоди на актуелните температури. Ако редовно го
поместувате мерниот уред собата, аклиматизацијата ќе
се забрза.
Околна температура надвор од опсегот на работната
температура
Околната температура е
превисока или прениска за да
може да работи мерниот уред.
Мерниот уред се исклучува по
5 s, мерењето не е можно во
оваа средина.
Температура на површината надвор од мерното поле
Температурата на површината на мерниот објект во
ласерското коло е превисока (Hi) или прениска (Lo).
Температурата на овој објект не може да се измери.
Насочете го ласерскиот круг кон друг објект и започнете
ново мерење.
Bosch Power Tools
Внатрешна грешка
Мерниот уред има внатрешна
грешка и се исклучува по 5 s.
За да го ресетирате
софтверот, извадете ги
батериите, почекајте неколку
секунди и повторно ставете ги
батериите.
Ако грешката продолжи да се појавува и после тоа,
мерниот уред треба да биде проверен од страна на
сервисната служба на Bosch.
Објаснување на поимите
Степен на емисија
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој означува
колкаво инфрацрвено топлинско зрачење оддава
објектот во споредба со идеален топлински емитер (црни
тела, степен на емисија ε = 1) и изнесува вредност
помеѓу 0 и 1.
Топлински мостови
Топлинскиот мост е означен како место на надворешниот
ѕид на зграда, каде што поради конструкцијата доаѓа до
локално зголемена загуба на топлина.
Топлинските мостови може да доведат до зголемен ризик
од мувла.
Релативна влажност на воздухот
Релативната влажност на воздухот наведува колку е
заситен воздухот со водена пареа. Податокот е даден
како процент од максималната количина на водена пареа
којашто може да ја прифати воздухот. Максималната
количина на водена пареа зависи од температурата:
колку е повисока температурата, толку повеќе водена
пареа може да прифати воздухот.
Доколку релативната влажност на воздухот е превисока,
се зголемува опасноста од создавање мувла. Прениската
влажност на воздухот може да доведе со здравствени
потешкотии.
Температура на точката на росење
Температурата на точката на росење наведува на која
температура започнува да кондензира водената пареа
содржана во воздухот. Температурата на точката на
росење зависи од релативната влажност на воздухот и
температурата на воздухот.
Доколку температурата на една површина е пониска од
температурата на точката на росење, тогаш водата
почнува да кондензира на оваа површина.
Кондензираната вода на површините е главна причина за
создавање на мувла.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Проверете го мерниот уред пред секоја употреба.
u
При видливи оштетувања или олабавени делови во
Македонски | 145
1 609 92A 4NX | (20.04.2021)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières