288 | Македонски
Контрола на точноста на мерниот уред
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m,
чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен простор, целната површина
на мерењето треба да биде мазна и добро рефлектирачка.
– Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
Отстапувањата од средната вредност на поединечните мерења смеат да изнесуваат
максимално ±2 mm. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите
точноста.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна
чанта.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (12) со истата грижа, со која треба да
се одржуваат очилата или леќата на фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (17).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
1 609 92A 4PE | (25.10.2018)
Bosch Power Tools