MIRKA PROS Série Instructions D'utilisation page 138

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 78
mk
Одржување
Секогаш исклучувајте го доводот на воздух пред одржувањето!
Користете исклучиво оригинални резервни делови од Mirka!
Замена на потпорната подлога
1 . Вметнете го клучот за подлога меѓу потпорната подлога и заптивката на кочницата за да ја зафатите навртката
на осовината .
2 . Свртете ја потпорната подлога спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да ја
отстраните .
3 . Поставете ја и затегнете ја новата потпорна подлога со помош на подметки .
4 . Отстранете го клучот за подлогата .
Штитник за подлога
Штитниците за подлога на Mirka се дизајнирани да ја заштитат потпорната подлога од трошење при агресивно
и континуирано брусење со Net производите . Овие поволни штитници за подлога кои се поставуваат помеѓу
потпорната подлога и дискот за брусење треба редовно да се менуваат . Штитниците за подлога го продолжуваат
работниот век на потпорната подлога .
http://www .mirka .com/accessories/Pad_Savers/#/
Замена на заптивката на кочницата
НАПОМЕНА! Преголемиот вакуум во системот за вшмукување на прашината може да доведе до дефект на
заптивката на кочницата .
1 . Отстранете ја потпорната подлога како што е опишано погоре .
2 . Извлечете ја старата заптивка на кочницата од нејзиното лежиште .
3 . Вградете ја новата заптивка на кочницата во лежиштето .
4 . Вградете ја потпорната подлога како што е опишано погоре .
5 . Проверете ја функционалноста на заптивката на кочницата . Можете да го прилагодите дејството на заптивката
на кочницата така што ќе го промените бројот на подметки меѓу осовината и потпорната подлога .
Замена на приборот на придушувачот
PROS NV/CV
• Подигнете го капакот .
• Отстранете го садот за придушување така што цврсто ќе го поместите на страна и ќе вметнете шрафцигер меѓу
садот и шестоаголната навртка . Завртете го шрафцигерот за да го одвоите садот од куќиштето .
• Поставете нов придушувач на куќиштето .
Понатамошно сервисирање
Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица . За гаранцијата на алатот да остане важечка и за да
обезбедите оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува овластениот
сервисен центар на компанијата Mirka . За да пронајдете локален овластен сервисен центар на компанијата Mirka,
обратете се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka или нејзиниот продавач .
138
Mirka® PROS • 150 mm (6") • 125 mm (5")

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières