MIRKA PROS Série Instructions D'utilisation page 135

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 78
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При употребата на овој алат секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност во согласност со
упатствата на производителот и локалните/националните стандарди .
• Не го користете електричниот алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови .
• Прочитајте го листот со безбедносни податоци за материјалите (MSDS) за работната површина .
• Користете го алатот со систем за вшмукување на прашината . Соодветниот уред за вшмукување прашина ќе го
намали количеството опасна прашина .
• Не се истегнувајте премногу . Секогаш цврсто стојте и одржувајте стабилна рамнотежа .
• Не носете широка облека или накит . Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови .
• Подвижните делови може да ја зафатат широката облека, накитот или долгата коса .
• Ако дојде до каква било физичка неудобност на раката/зглобот, престанете со работа и побарајте лекарска
помош . Работните задачи што се повторуваат, движењата и прекумерната изложеност на вибрации можат да
доведат до повреди на дланката, зглобот или раката .
• Не ги користете електричните алати во средини во кои постои опасност од експлозии, како на пример во
присуство на запалливи течности, гасови или прашина .
• Алатот нема електрична изолација . Пред работа проверете дали на работната површина има делови под
напон, цевки со гас, итн .
ВНИМАНИЕ
• Спречете случајно вклучување .
• Отстранете го клучот за подлогата пред да го поврзете алатот со доводот за воздух .
• Одржувајте го работниот простор чист и добро осветлен .
• Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен .
• Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија .
Дополнителни безбедносни предупредувања
• Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат . Сите оператори мора да поминат целосна обука за
безбедна употреба на овој алат .
• Сето одржување мора да го извршуваат обучени лица . Ако е потребно сервисирање, обратете се до
овластениот сервис центар на компанијата Mirka!
• Секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност (видете ги предупредувањата) .
• Операторот мора секогаш да стои во безбедна положба, да има цврст стисок и цврсто да стои на цврсто тло .
• Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен .
• Редовно проверувајте го алатот, потпорната подлога, цревото и спојките за знаци на истрошеност .
• Секогаш осигурувајте се дека сте безбедни за време на работењето; никогаш немојте да носите, складирате
или да го оставате алатот без надзор додека е приклучен на довод на воздух .
• Кесата за складирање прашина на системот за вшмукување на прашината треба да се чисти или менува
секојдневно . Прашината може да биде мошне запаллива . Чистењето или замената на кесата исто така
обезбедува и оптимални перформанси .
• Не го надминувајте максималниот препорачан воздушен притисок од 6,2 bar (90 psi) .
• Бидете внимателни за да спречите подвижните делови на алатот да ја зафатат облеката, врвките, косата, крпите
за чистење итн .
• Држете ги рацете подалеку од ротирачката подлога за време на употребата .
• Ако ви се чини дека алатот работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање
и поправка .
• Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија . Погрижете се правилно да ја
прицврстите и центрирате брусната хартија на потпорната подлога .
Mirka® PROS • 150 mm (6") • 125 mm (5")
mk
135

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières