Ставање Во Употреба - Bosch GCL 2-15 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCL 2-15 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен
правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– поврзана со таванска стега (17) на метални тавански
лајсни,
– со помош на магнет (16) на метални површини.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
u
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
u
температури или температурни осцилации. На пр.
не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи температурни осцилации, оставете го мерниот
уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте удари и превртувања на мерниот
u
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот
уред, пред да го употребите за работа, секогаш
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 191).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во
позиција „ On" (за работење без автоматика за
нивелирање) или во позиција „
автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето,
мерниот уред пушта ласерски линии од излезните
отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во
позиција „Off". При исклучување, осцилирачката
единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Bosch Power Tools
При надминување на највисоката дозволена работна
температура од 50 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се
вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по
автоматското исклучување, може или прво да го ставите
прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во
позиција „Off" и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на
работа Ласерска точка (4) или на копчето за режим на
работа Ласерска линија (5).
Деактивирање на автоматиката за исклучување
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето
за режим на работа Ласерска линија (5) најмалку 3 s.
Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C, автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Подесување на режимот на работа
Мерниот уред има повеќе режими на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Режим на вкрстени линии и точкест режим:
Мерниот уред произведува хоризонтална и
вертикална ласерска линија нанапред, како и
вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°.
– Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред
произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
On" (за работење со
– Вертикален линиски режим: Мерниот уред
произведува вертикална ласерска линија нанапред.
При позиционирање на мерниот уред во соба,
вертикалната ласерска линија ќе покажува на таванот
над горната ласерска линија.
При позиционирање на мерниот уред директно на ѕид,
вертикалната ласерска линија произведува речиси
целосна кружна ласерска линија (360°-линија).
– Точкест режим: Мерниот уред произведува
вертикална ласерска точка нагоре и надолу.
Сите режими на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање, освен точкестиот режим.
Македонски | 189
1 609 92A 4HE | (09.08.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcl 2-15 g professional

Table des Matières