Употребени симболи
Означува важна напомена.
Означува дополнителна и корисна
информација.
Означува дека работите треба да ги изведува
само стручен електричар.
f Означува некакво барање околу ракувањето.
Означува набројување.
Î Упатува на друг дел од овие упатства за работа.
Предвидена употреба
Кабелот за полнење може да се користи за
полнење електрични и хибридни возила, понатаму
како „возила", со приклучување во соодветна
инфраструктура за таа намена.
Доколку се сомневате дека инфраструктурата
е соодветна, проверете ја заедно со стручен
електричар.
Друга употреба не е дозволена и според тоа е
непрописна. Кабелот за полнење е безбеден само
кога се следат овие упатства за употреба, како и
документацијата за возилото.
f Пред да го употребувате кабелот за полнење,
прочитајте ги упатствата за употреба и
документацијата за возилото.
f Следете ги инструкциите додека го употребувате
кабелот за полнење.
Невниманието може да предизвика лични повреди
и материјални штети, на пример, поради електричен
удар, краток спој или изгореници.
Неправилна употреба
Доколку неправилно го употребувате, се зголемува
ризикот за лични повреди и материјални штети.
Особено е забрането:
да правите промени или модификации на кабелот
за полнење.
приклучување на кабелот за полнење во дефектна
или несоодветна инфраструктура за полнење за
којашто кабелот не е наменет да работи постојано.
употреба на дефектен кабел за полнење.
Одговорноста за сите лични повреди и материјални
штети што би настанале како последица од неправилна
употреба е на корисникот на кабелот.
MENNEKES Stecker GmbH & Co.KG не презема
одговорност за грешките при работата и штетите што
настануваат од неправилна употреба.
80
Основни безбедносни напомени
Внимавајте на насловната страница –
Слика 1.
Ситуациите прикажани на сликата 1 се
забранети. Ако не ги избегнете, постои
опасност за лични повреди и материјални штети.
Држете ги децата понастрана од кабелот за полнење.
Држете ги животните понастрана од кабелот за
полнење.
Да не се користат продолжетоци или адаптери.
Приклучете го кабелот за полнење во
инфраструктура за полнење којашто е без
проблеми и е соодветна.
Заштитете ги приклучоците и приклучната опрема
од влага и течности.
Не употребувајте го кабелот во средини каде
што има запаливи течности, гасови или прашини,
коишто можат да експлодираат или да се запалат.
Држете го излезот за вентилирање отворен.
T
ВНИМАНИЕ
Материјални штети поради кондензација
Ако излезот за вентилирање е затворен, постои
опасност кабелот да се оштети поради кондензација
(за вентилирање погледнете ја следната илустрација).
f Оставајте го излезот отворен и одржувајте го чист.
f Не покривајте го отворот за излезот.
f Не пикајте предмети во дупчињата.
Илустрација: Отвор за вентилирање на долната страна
на куќиштето
Технички податоци
Техничките податоци можете да ги пронајдете на
фабричката табличка на куќиштето.
f Внимавајте на техничките податоци на фабричката
табличка.
f Кабелот за полнење треба да се употребува само на
најмногу 4.000 метри надморска височина.