Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Промена на алат
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Ставање на алатот за вметнување: ISR 18V-30 PHX
(види слика B)
Извлечете ја чаурата за заклучување (3) наназад, алатот
што се вметнува ставете го до крај во прифатот за
алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за
заклучување (3) за да го блокирате алатот за
вметнување.
Осигурете се дека блокирањето е оптимизирано за
најраспространетите димензии на алатите што се
вметнуваат во соодветната земја.
Ставање на алатот за вметнување: ISR 18V-30 P (види
слика A)
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (2) со
вртење во правец ➊, додека не се стави алатот. Вметнете
го алатот.
Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (2) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата автоматски
се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Вадење на алатот за вметнување: ISR 18V-30 PHX
Повлечете ја чаурата за заклучување (3) наназад и
извлечете го алатот за вметнување од прифатот (1).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
Bosch Power Tools
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (5) налево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (5) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (4)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
Поставете го прстенот за подесување во
претходно избраниот вртежен момент (4) на
ознаката „Дупчење".
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Македонски | 177
1 609 92A 93J | (05.09.2024)