Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS Professional 18-11 Notice Originale page 303

Publicité

поклопецот (12) на заштитната хауба (10) (➊) лево или
десно и извлечете го поклопецот (➋).
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (31) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка (8)/(7) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
водилки (31) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
суви материјали.
Заштита за дланките
Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
u
работите со гумениот брусен диск (23) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (22).
Прицврстете ја заштитата за рацете (22) со
дополнителната рачка (8)/(7).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка (8)/(7) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (8)/(7).
Не продолжувајте со работа со електричниот алат,
u
ако дополнителната рачка (8)/(7) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка (8)/(7).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите (7)овозможува
работење со мали вибрации и пријатна и безбедна
работа.
Монтирање на брусни алати
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Bosch Power Tools
Исчистете го вретеното за брусење (21) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусна плоча/диск за сечење со дијаметар
115 mm/125 mm
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
страница.
За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за
сечење без други алати со брзозатезната навртка (19).
Користете ја брзозатезната навртка (19) само со
брусната плоча/дискот за сечење до максимален
дијаметар од 125 mm.
Брзозатезната навртка (19)смее да се користи
u
само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени
u
брзозатезни навртки (19).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со
u
натпис на брзозатезната навртка (19) да не
покажува кон брусната плоча.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за
u
сечење користете ја исклучиво испорачаната
брзозатезна навртка (19).
Притиснете на копчето за
блокирање на вретеното (2), за да
го зацврстите вретеното за
брусење. За да ја зацврстите
брзозатезната навртка (19),
отворете го нагоре држачот на
брзозатезната навртка и свртете ја
силно во правец на стрелките на
часовникот. Потоа преклопете го
надолу држачот за фиксирање на
брзозатезната навртка. Не е
доволно затегнување на работ на дискот.
Македонски | 303
1 609 92A 9PG | (07.08.2024)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gws professional 18-11 s3 601 jn4 13 601 jn4 0