Télécharger Imprimer la page

Motorola edge 50 ULTRA Mode D'emploi page 43

Publicité

Помош и друго
Добијте одговори, ажурирања и информации:
• Помошта е тука: повлечете нагоре од почетниот екран и допрете Поставки >
Помош за да дознаете како да го користите телефонот и за да добиете
поддршка.
• Добијте повеќе: преземете софтвер, прирачници за користење и друго на
www.motorola.com/mymotoedge.
• Преземете апликации: допрете Play Store за да прелистувате и преземате
апликации.
Правни информации. Овој прирачник содржи важни правни, безбедносни и
регулаторни информации што треба да ги прочитате пред да го користите
производот. За да ги прочитате сите правни информации, повлечете нагоре од
почетниот екран и допрете Поставки >
или посетете ја веб-страницата www.motorola.com/device-legal.
Полнење и безбедно користење на батеријата. За да спречите можни изгореници
и повреда, батеријата во телефонот треба да ја отстранува само сервисен центар
одобрен од Motorola или друго квалификувано лице.
Ако телефонот не реагира, притиснете и задржете го копчето за напојување сè
додека екранот не се затемни и телефонот не се рестартира. За најголеми брзини
на полнење, полнете го телефонот со полнач USB-C Power Delivery (PD) од 125 W
на Motorola (можеби се продава посебно) и со кабелот PD од Motorola што е
вклучен во пакувањето. Може да се користат други компатибилни полначи и кабли
за полнење на уредот. Меѓутоа, употребата на такви полначи/кабли не се
препорачува и може да резултира со помали брзини на полнење. Не полнете го
телефонот на температури под -20 °C (-4 °F) или над 45 °C (113 °F). Полначите што
не ги исполнуваат важечките национални стандарди може да бидат небезбедни и
да предизвикаат бавно полнење или оштетување на производот. За да ги
погледнете важечките стандарди и да дознаете повеќе, отворете го делот „Правни
информации" во овој прирачник или посетете ја веб-страницата
www.motorola.com/device-legal.
Предупредување за слушање со голема јачина на звук. За да спречите
можно оштетување на слухот, немојте да слушате со голема јачина на
звук подолги периоди. Кога јачината на звукот на слушалките ќе го достигне
прагот на голема јачина на звук, ќе се прикаже предупредување. Допрете OK за да
го отфрлите или почекајте од една до пет секунди, а потоа притиснете го копчето
за зголемување на јачината на звук за да го отфрлите предупредувањето и да
овозможите повторно прилагодување на јачината на звукот.
Фрлање и рециклирање. Ако ви треба помош за одговорно
рециклирање на производите и пакувањата, посетете ја веб-страницата
www.motorola.com/recycling.
Ласер од класа 1. Овој уред е класифициран како ласер
од класа 1 и е безбеден за нормално користење во
согласност со IEC60825-1:2007 и IEC60825-1:2014. Овој уред
е усогласен со 21 CFR 1040.10 и 1040.11, освен за отстапувањата во согласност со
Известувањето за ласер 50, со датум од 24 јуни 2007 година. Не обидувајте се да
го модифицирате или расклопувате.
Екстремна топлина или студ. Не користете го телефонот на температури под
-20 °C (-4 °F) или над 45 °C (113 °F). Не чувајте/транспортирајте го телефонот на
, а потоа напишете Правни информации
43
CLASS 1 LASER PRODUCT

Publicité

loading