• Во периоди кога времето е студено и врнежливо,
тревата треба да се одржува делумно висока
за да се намали сушење на теренот.
• Секогаш се претпочита да се коси тревата кога
тревникот е сув. Не косете ја тревата кога е
наводнувана Тоа може да ја намали ефикасноста на
уредот со сечивото врз тревата бидејќи ќе се лепи
и ќе предизвика заглавување со залепена трева.
• Сечилото мора да биде во добра состојба и
добро наострено за правилно косење на тревата,
без да се создадат нерамни рабови што потоа
доведуваат до пожолтување на врвовите.
6.4.3
Празнење на корпата за трева
Кога корпата за трева (Сл. 1.H) е преполна,
собирањето на трева повеќе не е ефикасно
и звукот на косилката се менува.
За корпа за трева со индикатор:
1.
Подигната = празна.
2.
Спуштена = полна.
За време на работата, кога сечилата се движат,
индикаторот останува подигнат додека корпата
за трева може да ја собере искосената трева;
кога ќе се спушти, тоа значи дека корпата
за трева е полна и мора да се испразни.
За вадење и празнење на корпата за трева:
1.
Отпуштете ги двете рачки (Сл. 19.A) и (Сл. 19.B).
Почекајте да застане сечилото.
2.
Повлечете ја рачката и извадете ја
3.
корпата за трева, со тоа што ќе ја
држите во исправена позиција.
6.5
ЗАПИРАЊЕ НА МАШИНАТА
За да ја исклучите машината:
1.
Отпуштете ги двете рачки (Сл. 19.A) и (Сл. 19.B).
Притиснете го копчето за
2.
вклучување (Сл. 16.A).
Почекајте да застане сечилото.
3.
Откако ќе ја запрете машината, треба да
поминат неколку секунди пред да запре и сечилото.
ВАЖНО Секогаш исклучувајте ја машината.
• При менување на локацијата на работа.
• При преминување на терени каде нема трева.
• Секогаш треба да ги избегнувате пречките.
• Пред да ја регулирате висината на косење.
• Секогаш кога корпата за трева
се вади или се вметнува.
• Секогаш кога каналот за странично исфрлање
(доколку има) се вади или се вметнува.
6.6
ПО РАБОТАТА
1.
Застанете ја машината (пас. 6.5).
Отворете го капакот и извадете
2.
го безбедносниот клуч.
3.
Извадете ги акумулаторите од куќиштето
и наполнете ги (пас 7.2.2).
4.
Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
5.
Исчистете ја косилката (пас. 7.3).
6.
Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки или
контактирајте го овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч
секогаш кога не ја користите машината.
7.
РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Безбедносните одредби што треба да ги
следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте
се до овие упатства за да избегнете сериозни
ризици или опасности.
Пред да започнете со каква било контрола,
чистење или одржување/прилагодување на
машината:
• Застанете ја машината.
• Извадете го безбедносниот клуч, (никогаш
не го оставајте клучот во клучалката, или на
дофат на деца, или неовластени лица).
• Проверете дали сите подвижни
делови се целосно запрени.
• Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
– Зачестеноста и видот на интервенција се
дадени во „Табелата за одржување". Табелата
го прикажува опсегот што ќе ви помогне при
одржување на ефикасноста и безбедноста
на машината. Во неа се прикажани
главните интервенции и предвидените
интервали за секоја од ставките. Извршете
ја постапката во предвидениот период.
– Употребата на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални и/или не
се правилно поставени, може да доведе до
несакани ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја отфрла сета
одговорност во случај на штети, инциденти или
повреди предизвикани од такви производи.
– Оригиналните резервни делови
се обезбедени од страна на Овластените
центри за помош и Дилерите.
ВАЖНО Сите операции на одржување
или прилагодување што не се наведени
во ова упатство, мора да е вршат од страна
на вашиот Овластен сервисен центар.
MK - 9