Télécharger Imprimer la page

Bosch GLL 2-10 G Professional Notice Originale page 144

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
144 | Македонски
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Работа со осцилаторна блокада
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во
позиција „  On". Приказот осцилаторна блокада (9)
свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат
во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот
уред на статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста,
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со
автоматика за нивелирање и изберете режим на
вкрстени линии.
1 609 92A 5TD | (01.07.2020)
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете
го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја
средината на точката, каде ласерските линии се
вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.
B
B
B
Bosch Power Tools

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

0601063p00