160 | Македонски
По завршувањето на работењето исклучете го
u
електричниот алат и извадете го листот за пила од
исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно
да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Користете само неоштетени, беспрекорни листови
u
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
Не го блокирајте листот за пилата по
u
исклучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да
предизвика повратен удар.
Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте
u
делот што се обработува со рака или со нога. Не
допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
Пред да започнете било каква интервенција врз
u
електричниот алат (на пр. одржување, промена на
алатки, итн.) како и при негов транспорт и
складирање, секогаш отстранете ја батеријата и
прекинувачот за вклучување/исклучување ставете
го во исклучена позиција. При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Носете ракавици, листовите за пила се остри и може
u
да се загреат при сечење.
Користете маска за прашина при сечење на дрво
u
кое е третирано со хемиски конзерванс за дрво.
Не менувајте ниту еден дел од уредот. Постои
u
ризик од повреди.
Користете само оригинална Bosch опрема.
u
Безбедносни напомени за оптимално
користење на батериите
Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја
u
ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
уредот работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за овој
u
уред. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
F 016 L94 474 | (16.08.2022)
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
u
понастрана од парички, спојувалки, клучеви,
шајки, завртки и други метални предмети што
можат да направат спој од едниот до другиот пол.
Краток спој меѓу двата пола може да предизвика
пожар или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
u
Складирајте ја батеријата во граници на температура
u
од –20 °C bis 50 °C. Не оставајте ја батеријата на
пример во автомобил на лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Полначот употребувајте го само
внатре, во суви услови.
Правец на движење
Правец на реакција
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Bosch Power Tools