Инсталирање
• Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор
или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде
изложен на директна сончева светлина.
• Не поставувајте садови (вазни итн.) кои содржат вода врз
овој уред, бидејќи тоа може да предизвика пожар или
електричен удар.
• Не изложувајте го уредот на дожд или влага.
• Обратете се во овластен сервисен центар на Samsung за
да добиете повеќе информации доколку планирате да го
инсталирате MICRO LED на место со многу прав, високи
или ниски температури, голема влажност, хемиски
супстанци или на места каде што ќе се користи во период
од 24 часа како на аеродроми, железнички станици итн. Во
спротивно може да предизвикате сериозни оштетувања
на MICRO LED.
• Не изложувајте го уредот на капки или прскање.
• Овој MICRO LED е производ за широка потрошувачка и
е дизајниран за монтирање само во домашна околина.
Секое монтирање надвор од домашна околина, на пример,
во приватно пловило (вклучувајќи јахта), приватен авион
или на отворено, може да ја поништи гаранцијата.
Инсталирање како Обесено на ѕид
• Погледнете го водичот за инсталација на Обесено на ѕид
за детали за прикачување на Обесено на ѕид.
• Може да инсталирате ѕиден носач VESA. Сепак, се
препорачува да користите ѕиден носач што се доставува
стандардно.
• При монтирање на ѕидниот носач VESA, се препорачува
прво да ги прицврстите сите четири VESA завртки.
Монтирање MICRO LED на ѕид
Ако го монтирате овој MICRO LED на ѕид, тогаш
придржувајте се строго до инструкциите
што ги наведува производителот. Доколку
не се монтира правилно, MICRO LED може да
излезе од лежиштето или да падне, а притоа
да предизвика сериозни повреди кај деца или
возрасни и сериозни оштетувања на MICRO
LED.
• Компанијата Samsung не е одговорна за оштетувањата
на производот или повредите кај вас или другите лица,
доколку изберете сами да го монтирате ѕидниот носач.
• Компанијата Samsung не одговара за оштетувањата на
производот или личните повреди што може да настанат
при употреба на ѕидни носачи кои не ги исполнуваат
VESA стандардите или спецификациите за монтирање
или во случаи кога корисникот не го следи упатството за
инсталирање.
• Ѕидниот носач може да го инсталирате на цврст ѕид кој
е поставен нормално на подот. Пред да го прицврстите
ѕидниот носач на површини кои не се изработени од гипс
картон, обратете се кај најблискиот продавач за да добиете
дополнителни информации. Ако го поставите MICRO LED
на таван или ѕид кој е косо поставен, тој може да падне и
да предизвика сериозни повреди.
• При монтирање на комплетот со ѕиден носач, ви
препорачуваме да ги прицврстите сите четири VESA
завртки.
• Не инсталирајте го телевизорот MICRO LED кога е закосен.
Не монтирајте го ѕидниот носач додека MICRO
LED е вклучен. Тоа може да предизвика лични
повреди како последица на електричен удар.
• Не употребувајте завртки кои се подолги од стандардните
димензии или не ги исполнуваат VESA стандардите за
спецификација на завртки. Завртките кои се премногу долги
можат да ја оштетат внатрешноста на вашиот MICRO LED.
• За ѕидните носачи кои не се во согласност со VESA
стандардите за спецификација на завртките, должината
на завртките може да се разликува во зависност од
спецификациите на ѕидниот носач.
• Не прицврстувајте ги завртките премногу. На тој начин
производот може да се оштети или, пак, да падне и
да ве повреди. Компанијата Samsung нема да сноси
одговорност за овој вид на несреќи.
• За монтирање MICRO LED на ѕид секогаш се потребни
четири лица.
Спецификации на ѕиден носач (VESA)
Големина на MICRO LED во инчи
Спецификации на отвор за
завртки VESA
( x ) (mm)
(mm)
x 4
Големина на MICRO LED во инчи
Спецификации на отвор за
завртки VESA
( x ) (mm)
(mm)
x 4
76
89
600 x 400
6
M8
101
114
800 x 600
1000 x 800
6
M8
Македонски - 3