Télécharger Imprimer la page

Samsung Micro Led MNA76MS1CAC Manuel D'utilisation page 221

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Правилно депонирање на овој производ
(Отпадна електрична и електронска опрема)
(Применливо во држави со посебни системи
за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата
означува дека производот и неговиот електронски прибор
(на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се
отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството
на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна
штета врз околината или човечкото здравје предизвикана
со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите
овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги
рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано
повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата
каде што го купиле овој производ или во службите на
локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат
рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот
снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во
договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски
прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
Правилно отстранување на батериите од
овој производ
(Применливо во држави со посебни
системи за справување со отпадот)
Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува
дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно
со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени,
хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата
содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во
Директивата 2006/66/EC.
Батеријата која е составен дел од овој производ не може да
биде заменета од корисникот. За информации за нејзина
замена, Ве молиме обратете се до Вашиот сервисен центар.
Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите
во оган. Не расклопувајте ја, не кршете ја или не дупчете
ја батеријата. Ако сакате да се ослободите од производот,
местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки
за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и
батеријата.
Отстранување на батеријата
• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен
сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување
на батеријата, Ве молиме посетете ја www.samsung.com/
global/ecodesign_energy.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните
батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа
може да доведе до оштетување на батеријата и уредот,
да предизвика лична повреда, и/или да резултира со
намалена безбедност на уредот.
Изјава за сообразност на ЕУ
Детали за производот
Производ: Smart Control
Модел(и): VG-TM2360E
Варијанти на моделот(моделите): VG-TM2360F, VG-TM2360G
Изјава и применливи стандарди
Со ова изјавуваме под целосна наша одговорност дека
горенаведениот производ е во согласност со основните
барања на Директивата за радиоопрема (2014/53/ЕУ) со
примена на:
EMC
Безбедност
EN 301 489-1 V2.2.3
EN IEC 62368-1:2020+A11:2020
EN 301 489-17 V3.2.4
EN IEC 62368-3:2020
EN 62311:2008
Радио
EN 300 328 V2.2.2
и Директивата (2011/65/ЕУ) за ограничување на користењето
на одредени опасни супстанции во електрична и електронска
опрема со примена на EN IEC 63000:2018.
Потпишан за и во име на: Samsung
Samsung Euro QA Lab, Saxony Way, Yateley, GU46 6GG, UK
2022-11-04 (Место и датум на потпишувањето)
Stephen Colclough – Директор
за регулаторни прашања
(Име и потпис на овластеното
лице)
※ Ова не е адресата на Сервисен центар на Samsung.
Погледнете ја адресата или телефонскиот број на
Сервисниот центар на Samsung во гарантниот лист или
контактирајте со продавачот од каде што сте го купиле
производот.
Македонски - 11

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Micro led mna89ms1bac