Télécharger Imprimer la page

Huawei KIM-B19 Guide De Démarrage Rapide page 28

Masquer les pouces Voir aussi pour KIM-B19:

Publicité

следете ги упатствата на екранот за да завршите спарувањето.
Работа и безбедност
• Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -20°C до +55°C за чување.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина, екстремно низок воздушен притисок и директна сончева
светлина. Не ставајте ја на или во уреди за загревање. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не
гмечете ја батеријата. Не ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна
сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика
прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба да го врши Huawei или
овластен давател на услуги.
• Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени
установи. Целта на овие барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот
за да се спречи потенцијална интерференција со пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната
страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
• Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или
спречување каква било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена. Ако
забележите проблеми со кожата додека го носите уредот, извадете го и одете на доктор.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според
националните или локалните стандарди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред има мала батерија во вид на паричка или копче. Не проголтувајте ја батеријата
затоа што тоа претставува опасност од хемиски изгореници.
• Ако малата батерија во вид на паричка или копче се проголта, може да предизвика тешки внатрешни изгореници за
само 2 часа и може да доведе до смрт.
• Чувајте ги новите и искористените батерии подалеку од деца. Ако делот за батеријата не се затвора добро, престанете да
го користите производот и чувајте го подалеку од деца. Ако мислите дека батериите можеби се голтнати или се ставени
во некој дел од телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да
се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој
начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на
начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации,
контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете
ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Почитување на правните одредби на ЕУ
27

Publicité

loading