Притиснете го копчето Reset (26) за да го ресетирате
бројачот за одржување по одржувањето.
Вклучување/исклучување на работното светло (GNH
18V-64-2)
За да го вклучите или исклучите работното светло,
притиснете го копчето за работното светло (27).
Вклучување/исклучување на работното светло (GNH
18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD)
Работното светло се вклучува автоматски пред процесот
на набивање и автоматски се исклучува по процесот на
набивање.
Совети при работењето
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и
навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба
на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот
апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „Итни поправки" со несоодветни
средства. Електричниот алат треба редовно и правилно
да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот
апарат, на пр. при:
– забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
– испаѓање и туркање преку под,
– употреба како чекан,
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за
обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони или
подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да
поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа
шајката може да се деформира, да се заглават шајките
или електричниот апарат да почне неконтролирано да се
движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни
амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат
побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли
електричниот апарат за време на работата, повторно се
враќа нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете
изабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на
работата исклучете го електричниот алат, извадете ја
акумулаторската батерија и по можност испразнете го
магацинот.
Bosch Power Tools
Празнење на магацинот (види слики C1−C2)
– Повлечете го лизгачот на магацинот (15) со притиснат
зафаќач на шајки (16) наназад додека зафаќачот на
шајки не ја ослободи последната шајка и внимателно
водете го лизгачот на магацинот нанапред до
почетокот на магацинот (14).
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
– Свртете го електричниот алат, така што шајките ќе
лизгаат наназад до пружината на магацинот (21).
– Притиснете ја пружината на магацинот надолу и
оставете ги шајките во зафаќачот (16) да слизнат од
магацинот (14).
Поставување граничник за длабочина (види слика D)
Длабочината на забивање може да се подеси со
тркалцето за подесување (5).
– Испразнете го магацинот (14).
– Шајките се испукани предлабоко: За
да ја намалите длабочината на
забивање, свртете го тркалцето за
подесување (5) во насока „–".
– Шајките не се испукани доволно
длабоко: За да ја зголемите
длабочината на забивање, свртете го
тркалцето за подесување (5) во насока
„+".
На приказот (4) може да го проверите подесувањето на
граничникот за длабочина.
– Повторно наполнете го магацинот.
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен
дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Вадење на заглавената муниција (види слики E1−E2)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за
пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја
овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по
ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте
ја овластената сервисна служба на Bosch.
– Отпуштете го чкрапалото (6).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја
акумулаторската батерија (9).
– Испразнете го магацинот (14).
– Притиснете го затегнувачкиот лост (3) надолу, за да
може да се отвори каналот за пукање.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба
употребете клешти.
– Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката
на затегнувачкиот лост (3) во куките на каналот за
пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот лост
нагоре.
– Повторно наполнете го магацинот.
Македонски | 265
1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)