Télécharger Imprimer la page

Bosch GNH 18V-64-2 Professional Notice Originale page 263

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на магацинот (види слики A1−A4)
Извадете ја акумулаторската батерија пред да
u
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не
сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот алат.
Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните
делови на електричниот алат како магацинот, отворот и
каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците,
шајките и клинците на Bosch. Другите производители
употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Напомена: Користете ја само муницијата наведена во
табелата „Технички податоци".
Користењето на недозволена муниција може да го оштети
електричниот апарат и да предизвика повреди.
За време на полнењето муниција, држете го
електричниот алат така што отворот (18) нема да биде
насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица.
– По потреба исчистете го и подмачкајте го лизгачот на
магацинот (15) и проверете дали е извалкан (14).
– Ставете соодветна лента со шајки (20) во T-процепот
на крајот на магацинот (14).
– Ставете ја лентата со шајки нанапред во магацинот, сè
додека последната шајка не застане пред пружината
на магацинот (21).
Напомена: Електронската контрола детектира дали има
шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за
активирање кога магацинот е празен, нема да се
активира процесот за набивање. Така, се спречува
пукање во празно.
– Притиснете го претходно затегнатиот зафаќач на
шајки (16) во правец на лизгачот на магацинот (15) и
истовремено повлечете го лизгачот на магацинот
сосема до крај на магацинот (14).
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад
без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот
лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не
се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање
(види заглавување ) или шајката се исфрла под погрешен
агол.
– Водете го лизгачот на магацинот (15) со притиснат
зафаќач на шајки (16) внимателно нанапред, сè
додека зафаќачот на шајки не дојде над последната
Bosch Power Tools
шајка и притоа притиснете ја лентата со шајки во
магацинот сосема нанапред.
Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се
затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот
може да се оштети и постои опасност да ги згмечите
прстите.
Употреба
Системи за активирање
Поединечно активирање со осигурувач
Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да
се постави осигурувачот за активирање (2) на делот што
се обработува. Муницијата ќе се испука откако ќе се
притисне чкрапалото (6).
Потоа може да се активираат и други процеси на
набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за
активирање повторно се вратат во првобитната позиција.
Активирање на контактот со автоматско враќање
(GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD)
Кај овој систем за активирање најпрво мора да се
притисне чкрапалото (6) и да се држи во оваа позиција.
Потоа мора стабилно да се постави осигурувачот за
активирање на делот што се обработува за да се исфрли.
Се додека чкрапалото (6) го држите притиснато,
пoнатамошните процеси на набивање може да се
активираат со повторно допирање на друга точка.
Во режимот за активирање на контактот може да се
наби шајка со поединечно активирање.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Се пали корисничкиот интерфејс.
GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: Поединечното
активирање е активирано, приказот за поединечно
активирање (31) светнува.
– За исклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Испукување на шајки − Поединечно активирање
– Вклучете го електричниот алат.
– Поставете го отворот (18) или ев. гумираниот штитник
на делот за обработка (1) цврсто на делот што се
обработува, сè додека осигурувачот за активирање (2)
не се притисне целосно.
Работното светло и моторот се вклучуваат.
– Потоа кратко притиснете го чкрапалото (6) и повторно
пуштете го.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го електричниот апарат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
електричниот апарат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Македонски | 263
1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gnh 18v-64-2 m professionalGnh 18v-64 md professional