Télécharger Imprimer la page

Skil 3571 Notice Originale page 172

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/ставање на батеријата 2
Монтирање на сечилото за пилата 2
! извадете ја батеријата од алатот
- земете го шестоаголниот клуч A од складот B
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го додека го отстранувате
резето на сечилото D со вртење на шестоаголниот
клуч А ВО ПРАВЕЦ НА СТРЕЛКИТЕ НА
ЧАСОВНИКОТ (= во истиот правец како и
стрелката отпечатена на сечилото на пилата)
! копчето за заклучување на вретеното C
притиснете го само кога aлатoт целосно ќе
застане
- пуштете го копчето за заклучување на вретеното C
- отстранете ја прирабницата E
! проверете дали површините со стегите H на
прирабниците се целосно чисти и свртени кон
сечилото
- отворете го долниот штитник F со лостот G
и држете го додека го поставувате сечилото
за пилата со запците и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на долниот штитник
- олабавете го долниот штитник F
- поставете ја прирабницата E
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
шестоаголен клуч за 1/8 вртења по што треба да
затегнете со прстите (така се осигурува лизгањето
на сечилото на пилата кога ќе дојде до прекумерен
отпор и оптеретување на моторот и повратен удар
на пилата)
- пуштете го копчето за заклучување на вретеното C
Подесување на длабочината на сечењето (0-66 мм)
7
- заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото
на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм
под работното парче
- разлабавете го копчето Ј
- подигнете/спуштете ја педалата K додека не
ја подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот L
- затегнете го копчето J
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете го копчето за индикаторот за нивото на
батеријата AC за да се прикаже тековното ниво на
батеријата 8 a
! ако по притискање на копчето AC 8 b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почнат да трепкаат 2 нивоа на
индикаторот на батеријата по притискање на
копчето AC 8 c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
ЛЕД-светло e V
ЛЕД-светлото автоматски се вклучува кога ќе се
активира прекинувачот за вклучување/исклучување
! кога започнува да трепка ЛЕД-светлото,
се активира заштитата на батеријата (види
подолу)
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- оптоварувањето е преголемо --> отстранете го
оптоварувањето и почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за ниво
на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе го
притиснете копчето AC 8 c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата 8 b
кога ќе притиснете на копчето AC; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот автоматски ќе се исклучи;
батеријата може да се оштети
Подесување на аголот на сечење (0-56°) 9
- разлабавете го лостот М
- навалувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење на скалата, со користење
на индикаторот N
- со сопирањето на наклонот од 45° P може бргу да
се постави агол со наклон од 45°
- за да поставите агол со наклон поголем од 45°,
ротирајте го сопирањето на наклонот од 45° P за да
го извадите од индикаторот N
- затегнете го лостот М
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната скала
за длабочина на сечењето
Индикатор за подесување на линијата на сечењето
Q q
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на работното парче
- за прав засек од 0° или за засек со наклон од 45°
користете ја соодветната линија на индикаторот
! широкиот дел на педалата би требало да стои
на потпирачот на работното парче
! широчината на сечењето се определува со
широчината на запците на сечилото, а не со
широчината на листот на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за да
ја проверите вистинската линија на сечењето
Вшмукување прашина w
Прицврстете го адаптерот за правосмукалка R на
пилата со завртката за глава на Phillips
За користење на правосмукалка
- поврзете го цревото за чистење на
правосмукалката со адаптерот за правосмукалка R
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со долниот
штитник или со операцијата на сечење
Вреќа за прашина
- наместете ја вреќата за прашина AD
Работа со алатот
- ставете ја батеријата
- секогаш држете ја рачката S цврсто со едната рака,
172

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

3575