178 | Македонски
Вадење на сечило за пила (види слика C)
При вадењето на сечилото за пила држете го
u
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја SDS-рачката (20) нанапред до крај во правец
на заштитата од допир (21). Сечилото за пила ќе се
отпушти и ќе се исфрли.
Лизгачка папуча (види слика D)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (17) на основната плоча (9),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (17) закачете ја
напред на основната плоча (9), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
Заштита од кинење (види слика E)
Заштитата од кинење (18) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°.
Вметнете ја заштитата од кинење (18) од напред во
основната плоча (9).
околку ја користите лизгачката папуча (17) не ја
вметнувајте заштитата од кинење (18) во основната
плоча (9), туку во лизгачката папуча.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак
Монтирајте го заштитниот капак (15), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (15) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (21).
1 609 92A 6LB | (26.05.2021)
Извадете го заштитниот капак (15) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (21).
Вклучување на системот за всисување прав
(види слики F–G)
Поставете ги млазниците за всисување (16) во
вдлабнатините на основната плоча (9).
Поставете црево за всисување (22) (опрема) на
млазниците за всисување (16). Поврзете го цревото за
всисување (22) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (18).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на три нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво Ⅰ
мали осцилации
Ниво Ⅱ
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Bosch Power Tools