Вкупните вредности на вибрации a
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 62841‑2‑11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила T 111 C:
2
2
a
= 4,5 m/s
, K = 1,5 m/s
,
h,B
сечење на метален лим со сечило за пила T 118 A:
2
2
a
= 4,5 m/s
, K = 1,5 m/s
.
h,M
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
Bosch Power Tools
(векторски збир на
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
h
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (1) притиснете на копчето за
отклучување (2) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (4) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (1). Приказот за наполнетост на батеријата
свети само 5 ѕ по вклучувањето.
LED-светилки
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Трепкаво светло 3 x зелено
Доколку по вклучувањето не свети LED-светилката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила
со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за
пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечило за пила (види слика B)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го сечилото за пила (13) со запците во правец
на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за
пила (11). SDS-рачката (20) автоматски скокнува
наназад и сечилото за пила се деблокира. Не го
притискајте рачката (20) со раката наназад, инаку
можете да го оштетите електричниот алат.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (10).
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Македонски | 177
Капацитет
≥ 2/3
≥ 1/3
< 1/3
Резерва
празно
1 609 92A 6LB | (26.05.2021)