3. 3. 5 МОНТИРАЊЕ НА ЗАТЕГНУВАЧОТ ЗА САЈЛА
Важно!
Несоодветното поврзување на сајлата на затегнувачот го става во ризик животот на корисникот.
Напомена:
Сајлата на системот мора да биде монтирана со конкретно предзатегнување на сајлата за да се
осигури дека функционира осигурувачот од паѓање. Ø8 mm сајла треба да се затегне со 1,5 kN
(337 lbf), а Ø10 mm сајла треба да се затегне со 0,4 kN (90 lbf).
3. 3. 5. 1 УНИВЕРЗАЛЕН ЗАТЕГНУВАЧ НА САЈЛА
Поставете го затегнувачот од галванизиран челик (сл. 6a) или затегнувачот од нерѓосувачки
челик (сл. 6B) на стапалките и затегнете ја сајлата на истите како што е илустрирано. Затегнете
ја сајлата за да осигурите дека големата шајбна е порамнета се соодветното вдлабнување во
плочата за монтирање затегнувајќи ја спротивната завртка наспроти завртката како што е
илустрирано во зависност од користењето на Ø8 mm сајла (сл. 6c) или Ø10 mm сајла (сл. 6d).
Штом ова ќе се заврши, сајлата е соодветно затегната.
Напомена:
Ако се користи универзален затегнувач на сајла, само еден од завршетоците на сајлата треба да
се подготви со јамка за прицврстување.
Ако се користат автоматски средишни држачи, осигурете се дека сајлата е протната низ сите
средишни држачи пред да ја прицврстите сајлата на затегнувачот.
3. 3. 5. 2 МОНТИРАЊЕ НА ЗАТЕГНУВАЧОТ ЗА САЈЛА ЗА ГОЛЕМИ ОПТОВАРУВАЊА
Склопете го затегнувачот на сајла за големи оптоварувања како што е илустрирано (сл. 7a).
Монтирајте го на стегата на стапалката како што е илустрирано (сл. 7b). По прицврстувањето
на сајлата на горната точка за прицврстување на горниот држач, закачете ја на точката
за прицврстување на сајла на затегнувачот на сајла за големи оптоварувања, како што е
илустрирано (сл. 11).
Напомена:
Ако се користат автоматски средишни држачи, осигурете се дека сајлата е протната низ сите
средишни држачи пред да ја прицврстите сајлата на затегнувачот за големи оптоварувања.
Затегнувајте ја сајлата вртејќи го затегнувачот додека индикаторот за затегање е помеѓу
ознаките „min" и „max" на плочата за монтирање и прицврстете со шестоаголна завртка, како што
е илустрирано (сл. 7d). Штом ова ќе се заврши, сајлата е соодветно затегната.
3. 3. 6 МОНТИРАЊЕ НА СРЕДИШНИ ДРЖАЧИ
Важно!
Бидејќи ова не можете да го направите подоцна, осигурете се дека сајлата минува низ средишните
држачи пред подготовката на краевите на сајлата и монтирањето на затегнувачот на сајла.
3. 3. 6. 1 АВТОМАТСКИ СРЕДИШЕН ДРЖАЧ
Порамнете го автоматскиот средишен држач така што водилката на сајлата ќе биде паралелна
со сајлата и стрелката на аголот за поддршка да покажува нагоре и монтирајте како што е
илустрирано (сл. 8a, 8b, 8c).
3. 3. 6. 2 РАЧЕН СРЕДИШЕН ДРЖАЧ
Поставете го рачниот средишен држач на системот осигурувајќи се дека држачот е вертикален
во однос на сајлата, како што е илустрирано (сл. 9a, 9b, 9c).
3. 3. 7 МОНТИРАЊЕ НА ЧЕЛИЧНА САЈЛА
3. 3. 7. 1 ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАВРШЕТОЦИ НА САЈЛА
Ако се користи универзален затегнувач на сајла, сајлата мора да се подготви само на едниот
крај. Во спротивно, треба да се подготват двата краја. Користете еден од следните начини да ги
подготвите завршетоците на сајлата за поврзување на горниот држач (или на горниот амортизер,
ако се користи) и затегнувачот на сајла.
3. 3. 7. 1. 1 ФАБРИЧКИ ПОСТАВЕНО ВИТКАЊЕ САЈЛА
Крајот на фабрички поставената сајла е фабрички свиткан. Виткањето на сајлата вообичаено се
користи само како горен крај на сајлата (сл. 10а).
3. 3. 7. 1. 2 ВИТКАЊЕ НА КРАЈ НА САЈЛА
Виткањето на завршетокот на сајлата е критична постапка кога го поставувате системот за
заштита од паѓање. Силата на системот за заштита од паѓање во голема мерка зависи од
квалитетот на виткањето. Затоа, препорачуваме придржување до следниве упатства:
• Виткањето по можност треба да се направи на тлото и ако е можно, пред пренесување на
сајлата на местото за монтирање.
• Алатка за виткање со шестоаголна глава се користи за виткање.
• Мора да се одржуваат растојанијата помеѓу виткањата (сл. 10b).
• Ставете го завршетокот на сајлата во крајниот дел на сајлата (сл. 10с) што треба да се свитка
и означете ја сајлата на почетокот од крајниот дел на сајлата со користење на леплива лента.
108