222 | Македонски
Светлечки прстен
Црвена
Жолто
(само еден светлечки
полупрстен)
Зелена
Светлечкиот прсте е
исклучен, ласерската
линија свети
Совети при работењето
Работење со мерна трака
Во средината на помошта за ознаки (18) се наоѓа нултата точка на мерната
трака (11), таа може да се обележи директно на подлогата.
Напомена: Ознаката на нултата точка може да се помести до ±1 mm од ласерската
линија.
Извлечете го куќиштето на мерната трака (10) од мерниот уред и обележете ги
другите точки на саканите растојанија на висина на ласерската линија.
Извлечете ја мерната трака (11) не подалеку од крајот на испечатената скала. Може
да ја удвоите работната површина со поставување на мерниот алат во центарот на
работната површина и мерење на 2 страни последователно.
Мерната трака потоа автоматски се собира.
Напомена: Извлечената мерна трака не ја испуштајте. При неконтролирано
повлекување, мерната трака може да се оштети.
Калибрирање на ласерска линија
Извршете калибрација во следниве случаи:
– по силен пад или удар,
– на секои 6 месеци.
Проверете го нивелирањето на ласерската линија ако е потребно на позната
хоризонтална или вертикална референтна линија.
1 609 92A 8LY | (21.03.2023)
Нивелирање
Ласерската линија не е нивелирана. Свртете го куќиштето
на мерниот уред во саканата насока за да ја нивелирате
ласерската линија.
Ласерската линија е близу до хоризонтала или вертикала.
За добро поставување, свртете го куќиштето во насока на
светлечкиот полупрстен.
Ласерската линија е нивелирана хоризонтално или
вертикално.
Ласерската линија повеќе не е нивелирана затоа што
мерниот уред е навален повеќе од 10°.
Можете да го прицврстите мерниот уред на која било
површина (на пр. таван, под) и да ја користите ласерската
линија како неизнивелирана референтна линија.
Bosch Power Tools