Télécharger Imprimer la page

Bosch Atino Notice Originale page 220

Masquer les pouces Voir aussi pour Atino:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 24
220 | Македонски
Прицврстување со гелна подлошка
Предуслови:
Подлогата мора да биде сува и цврста.
Лепливоста на гелната подлошка не е загарантирана на влажни површини,
површини полни со прав, со остри рабови или на силно структурирани површини.
Доколку мерниот уред е прицврстен на такви несоодветни површини, тој може да
испадне и да биде оштетен одн. да ја оштети подлогата.
Доколку гелната подлошка е извалкана или не лепи на мазни површини, мора да се
исчисти одн. да се замени (види „Чистење на гелна подлошка", Страница 223).
Пред секоја употреба, тестирајте на незабележително и ниско место дали гелната
подлошка може да се залепи на саканата површина и дали може да се отстрани без
да се оштети подлогата.
Секогаш отстранувајте го мерниот уред кога ќе завршите со мерењето или кога
подлогата се обработува (на пр. со дупчење, зацврстување или чукање).
Поставување мерен уред на подлога:
Свртете го заштитното капаче (16) на гелната подлошка во насока спротивна на
стрелките на часовникот и извадете го. Пред првата употреба, отстранете ја
заштитната фолија од гелната подлошка.
Малку притиснете го мерниот уред на саканата подлога сѐ додека не се држи
сигурно. Доколку многу јако притиснете, мерниот уред може да се оштети.
Извадете го мерниот уред од подлогата:
Внимателно турнете го мерниот уред подалеку од подлогата. Ако го извлечете
премногу брзо, чувствителните површини може да бидат оштетени.
Поставете го заштитното капаче (16) на гелната подлошка (15), за ознаките за
заклучување (17) на заштитното капаче и гелната подлошка да бидат свртени една
кон друга. Потоа свртете го заштитното капаче во насока на стрелките на часовникот
до крај.
Транспортирајте и складирајте го мерниот уред само со заштитното капаче. Доколку
се извалка, лепливоста на гелната подлошка ќе се намали.
Прицврстување со подлошка со клинови
Подлогата мора да биде сува и цврста.
Вметнете ги клиновите низ отворите на подлошката со клинови. Осигурете се дека
клиновите се прицврстени на подлогата.
Секогаш отстранувајте го мерниот уред кога ќе завршите со мерењето или кога
подлогата се обработува (на пр. со дупчење, зацврстување или чукање).
1 609 92A 8LY | (21.03.2023)
Bosch Power Tools

Publicité

loading