ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот
опишан во „Технички податоци" е во сообразност со сите
релевантни прописи од директивите:
2011/65/EU (RoHS)
2014/30/EU
2006/42/EC
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-1:2018
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN IEC 61000-3-2:2019+A1:2021
EN 61000-3-3:2013+A1:2019
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-10-22
Alexander Krug / Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Доколку машината воглавном се користи за удирачко дупчење,
редовно чистете ја насобраната прашина од продолжетокот.
За да го направите тоа држете ја машината свртена со главата
надолу вертикално и потполно отворете ја и затворете ја
главата. Насобраната прашина ќе падне од неа. Се препорачува
редовно користење на клинер за стегите и затегачите.
Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го
направи производителот или неговиот застапник со цел да се
избегнат опасности.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Aнтивибрационен систем
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Наизменична струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
English
Македонски
91
91
Mak