Ставање Во Употреба - Bosch GBH 2600 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 2600 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
OBJ_BUCH-1032-005.book Page 140 Tuesday, April 12, 2016 4:35 PM
140 | Македонски
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на Saugfix (види слика I)
За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема).
При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што
главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 12 и извадете го граничникот за
длабочина 13. Одново притиснете го копчето 12 и
вметнете го Saugfix однапред во дополнителната дршка
14.
– Приклучете едно црево за вшмукување (дијаметар
19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 19 од
Saugfix.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix
(види слика J)
Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при
монтиран Saugfix.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 23 на Saugfix.
– Поставете го електричниот апарат без да го вклучувате
на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за
вметнување притоа мора да легне на површината.
– Водечката цевка 24 на Saugfix поставете ја во држачот,
така што главата на Saugfix ќе легне на површината за
дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 24 над
телескопската цевка 22 повеќе одошто е потребно,
доволно е да се гледа што е можно поголем дел на
сликата од телескопската цевка 22.
– Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 23.
Олабавете го шрафот за затворање 20 на граничникот
за длабочина од Saugfix.
– Поместете го граничникот за длабочина 21 на
телескопската цевка 22, така што растојанието
прикажано на сликата X ќе одговара на длабочината на
дупчење што сакате да ја постигнете.
– Зацврстете го шрафот за затворање 20 во оваа
позиција.
1 609 92A 29U | (12.4.16)
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 11
изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 10 и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи 11 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи 11 не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 7 од двете страни до крај во позиција
Тек на лево: Свртете го прекинувачот за правец на
вртење 7 од двете страни до крај во позиција
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
– За Фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување, држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање 8.
.
.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières