Milwaukee HEAVY DUTY MXFLSDP Notice Originale page 79

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Извлекување на спиралата од цевката
1. Поставете го главниот прекинувач Во насока
надесно и притиснете на педалата, за да започне
вртењето на спиралата.
2. Извлечете ја спиралата од цевката и намотајте ја на
барабанот. Активирајте ја функцијата за
повлекување ако е потребно.
3. Кога се достигне крајот на спиралата, вметнете ги
рачно последните 10 см од спиралата во машината.
Не користете го туркањето напред.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете
преоптоварување на машината, никогаш не
вметнувајте во машината спирала подолга од
250 см.
4. Извадете го капачето за одвод и фрлете ја
содржината на соодветно место.
5. Пред складирање на машината, исчистете ги
спиралата и барабанот (видете го делот „Чистење на
спиралата и барабанот" под точката „Одржување").
Подигање
За да го подигнете уредот, користете го центарот на
рачката за транспорт како точка на прицврстување.
Осигурите се дека лентата за подигнување нема да се
лизне или контактира со други делови, како нпр.
прекинувачот на дигалката POWERTREDZTM.
МОНТИРАЊЕ НА СПИРАЛАТА
Избор на соодветна спирала:
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 5/8" × 25'
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 5/8" × 50'
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 5/8" × 100'
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 3/4" × 25'
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 3/4" × 50'
Внатрешен дијаметар на барабан за спирала 3/4" × 100'
Спирала за прицврстување 3/4"
Водечка спирала 3/4" × 2'
Водечка спирала 5/8" × 2'
Приклучоци за спирали 5/8" и 3/4"
Права спирала
Инковидна спирала
Секач 3"
Секач 4"
Секач 6"
Мала алатка за отворање
Средна алатка за отворање
Одмастувач 3"
Одмастувач 4"
Комплет за прицврстување на главата
За да спречите оштетување, користете спирали и
додатоци само со препорачаната големина.
За монтирање на спиралата обрнете внимание на
илустрациите.
ОПОМЕНА! Спиралата е под притисок и при
монтажата може да излета неочекувано, што може да
доведе до повреди.
Носете заштитни очила или очила со странична
заштита, со цел опасноста од повреди да биде на
најниско можно ниво. Секогаш носете кожни ракавици.
Цврсто држете ја спиралата. Извлечете ја бравата, за да
го откриете внатрешниот барабан со спиралата Цврсто
држете ја спиралата, пред да ја ослободите бравата.
156
МАКЕДОНСКИ
Намотајте ја новата спирала во правец на стрелката
(види барабан) во внатрешниот барабан. Намотајте ја
спиралата во целост во внатрешниот барабан.
Почекајте да се углави барабанот заедно со спиралата.
Извадете го внимателно врвот од спиралата и вовлечете
ја во бравата. Притиснете ја повторно бравата на
барабанот, пред да ја пуштите спиралата. Отстранете ја
заштитната капа од врвот на спиралата и навлечете ги
завртките.
Мали деца може да паднат во садот и да се удават.
Држате го децата подалеку од садот – особено тогаш,
кога внатре има малку течност.
Прочитајте го упатството за употреба. Користете
соодветна заштитна опрема.
При употребата на чистачот на цевки може да дојдете во
контакт со хемикалии, бактерии или други нагризувачки,
токсични или заразни супстанци.
По употребата рацете да се измијат со топла вода и
сапун.
Користете го садот што се вметнува, за да спречите
оштетување на спиралата.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на
ONE-KEY на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го
упатството за брзо стартување или посетете на интернет
на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон
преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth
поврзувањето ќе биде прекинато. Во таков случај,
повторно воспоставете ја врската рачно.
Уредот соодветствува на минималните барања според
EN 55014-2 / EN 301489-1 / EN 301489-17.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање
преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко
Алатката е заклучена поради
светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност
дека „Техничките податоци" подолу го опишуваат
производот со сите релевантни одредби од регулативите
2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/53/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се
усогласени со следниве хармонизирани регулаторни
документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-3-14:2017
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 301 489-1 V2.2.3
EN 301 489-17 V3.1.1
EN 300 328 V2.2.2
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-02-03
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ОДРЖУВАЊЕ
Подмачкување на водичот на спиралата
По употреба исчистете ги сите изложени, подвижни и
ротирачки делови и подмачкајте ги со маст. Подмачкајте
го водичот на спиралата со пиштол за подмачкување на
трите точки за подмачкување. Користете маст WHS
2002.
Подмачкување на лежишта на водичот на спиралата
1. Попрскајте го водичот на спиралата со црево за
вода за отстранување на туѓи тела. Испразнете го
целосно барабанот.
2. Свртете ја рачката на водичот на спиралата налево
и подмачкајте ги лежиштата на предниот дел од
водичот на спиралата со масло (WD40), така што
тие лесно ротираат.
3. Свртете ја рачката на водичот на спиралата надесно
и повторете го процесот.
4. Притиснете ја рачката за заклучување надолу и
движете ја спиралата неколку пати од 30 до 60
сантиметри напред и назад и на тој начин
рамномерно да го распределите маслото.
Чистење на спиралата и барабанот
Спиралата и барабанот по секоја употреба мора
темелно да се исчистат со многу вода, за да се
отстранат нечистотиите и остатоците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Да се носат кожни ракавици.
Оставете ги спиралата и барабанот целосно да се
исушат по чистењето. Избришете ја спиралата со партал
натопен со масло пред да ја намотувате (видете го
делот „Склопување на спиралата").
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако спиралата се заглави кога ја
намотувате, крајот на спиралата може да удри како
камшик.
Ако алатката не стартува или не работи со полна
моќност при целосно наполнета батерија, исчистете ги
контактите на батеријата. Ако алатката сè уште не
работи правилно, испратете ја алатката заедно со
полначот и батеријата на поправка во сервисен центар
на MILWAUKEE.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Дигалка
Чистење на цевките
Нагоре
Надолу
Управување на барабанот Напред/
ИСКЛУЧЕНО/Назад
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
157

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières