Milwaukee HEAVY DUTY MXFLSDP Notice Originale page 78

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
Поставете го чистачот на цевки на растојание од
максимум 15 см од отворот на цевката. Во случај на
поголемо растојание спиралата може тешко да се
контролира и може да дојде до нејзино извртување,
виткање или кршење.
Со спиралата и со копчето за вклучување/
исклучување треба да ракува едно исто лице.
Со исклучот на ситуациите, наведени во упатството
за употреба, спиралата не може да се врти наназад.
Вртењето наназад може да доведе до оштетување на
спиралата и служи само за тоа, при зачепување на
цевката повторно да се извади спиралата.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита од
прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се
лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар
со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие
имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не смее да се дозволи да порасне
притисокот во спиралата. Ова се случува ако алатката
престане да се врти поради пречка. Моторот и
барабанот продолжуваат да се вртат. Вртежниот момент
се собира се додека спиралата ненадејно не се заврти
и, во одредени околности, може да се завитка околу
вашата рака или дланка. Ова може да се одвива брзо и
без претходно предупредување. Затоа е важно полека и
внимателно да ја лизнете спиралата во линијата.
Алатката мора да дојде до целосен застој пред да ја
извлечете спиралата од влезот на цевката. Алатка која
сè уште ротира може да предизвика повреди.
При извлекување на спиралата, оставете вода да тече
низ цевководот за да ја исчистите спиралата.
Специјална постапка: Користете ја само обратната
насока (спротивно од стрелките на часовникот) за да ја
ослободите алатката од пречка. Спиралата има
исклучително голема сила кога се врти во насока на
стрелките на часовникот. Ако ја користите во обратна
насока, таа може да се свитка или да се скрши.
Ако алатката се блокира: Оставете моторот целосно
да запре и затегнете ја завртката на излезот на
алатката, така што спиралата се држи безбедно и не
може да се појават виткања во барабанот. Поставете ја
рачката во мирување кога работите со автоматскиот
систем за напојување на спиралата. Продолжете рачно
додека алатката не се ослободи.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
За полнење на MFX заменливите батерии се користат
само MXF полначи. Не користете заменливи батерии од
други системи.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
154
МАКЕДОНСКИ
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во
што малку како два часа, ако се проголта или влегува во
телото. Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го
користите уредот, отстранете ги батериите и чувајте го
подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се
влезени во телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој чистач на цевки е рачен уред за чистење на
секундарни издувни цевки на пример во кујни, бањи или
други простории во домаќинството.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ ПРОИЗВОД
1. Прекинувач за дигалка Powertredz™
2. Транспортна рачка
3. Навој за кабел
4. Барабан
5. Лост со блокирање за навојување на спиралата
6. Рачка за навојување на спиралата
7. Копче за брзо ослободување на навоена спирала
8. Заклучувања на барабанот
9. Спирала
10. Приклучок на барабанот
11. Потпорна рамка
12. Потпорна рамка/Рачка за подигнување или
спуштање
13. Копче за активација
14. Избор на режимот на работа
15. Индикатор ONE-KEY™
16. Прекинувач за избор нагоре/надолу
17. Напред
18. ИСКЛУЧЕН
19. Назад
20. Прекинувач
21. Заклучување на активацијата
22. Лост за заклучување на активацијата
23. Дигалка Powertredz™
24. Ножна педала
25. Склад за ножна педала
26. Тркала
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Главен прекинувач Во насока надесно/Исклучување/
Во насока налево (видете ја илустрација)
1. За да ја свртите спиралата во насока надесно (во
насока на стрелките на часовникот), поставете го
главниот прекинувач на соодветната позиција
(видете ја стрелката).
2. За да ја свртите спиралата во насока налево
(спротивно од стрелките на часовникот), поставете
го главниот прекинувач на позиција каде што
стрелката се оддалечува од врвот на барабанот.
Пред употреба на машината тестирајте ја насоката
на вртење. СОВЕТ: Користете ја функцијата за
вртење налево само ако спиралата е заглавена. Не
користете ја функцијата за вртење налево за да ја
извадите спиралата.
3. За да го запрете вртењето на спиралата (Исклучено)
и да го заклучите прекинувачот, поставете го
главниот прекинувач на О. Ако главниот прекинувач
е во заклучена позиција, педалата не може да се
притисне. Секогаш заклучувајте го прекинувачот или
отстранете ја отстранливата батерија пред да ја
сервисирате машината, да промените додатоци на
машината, како и во сите случаи кога машината
нема да работи долго време.
Почеток и крај на вртењето на спиралата
1. За да го стартувате вртењето на спиралата,
поставете го главниот прекинувач Во насока надесно
и притиснете на педалата со ногата или со коленото.
2. Отпуштите ја педалата за да го запрете вртењето на
спиралата. Потоа поставете го главниот прекинувач
на O.
Внесување на спиралата во цевката
1. Пренесете ја и подгответе ја машината како што е
опишано во овие упатства.
2. Бидете сигурни дека туркањето напред е исклучено.
3. Фатете ја спиралата во близина на машина и
вметнете ја со рака во цевката на длабочина од
најмалку 50 см.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Да се носат кожни ракавици.
4. Поставете го главниот прекинувач Во насока
надесно и притиснете на педалата, за да започне
вртењето на спиралата.
5. Внесете ја спиралата во цевката. Притоа поставете
го навојувањето на спиралата „напред", додека не
сопре.
СОВЕТ: Ако е потребна подолга спирала, за да
стигне до затнато место, ослободете ја веќе
вметната спирала од машината. Потоа опремите ја
машината со дополнителна спирала и поврзете ги
двете спирали заедно или поврзете ја веќе вметната
спирала со спиралата на друга машина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете
преоптоварување на машината, никогаш не
вметнувајте во машината спирала подолга од
250 см.
6. Кога спиралата достигне затнато место, исклучете го
туркањето напред. Движете jа спиралата рачно
напред и назад додека не се отстрани зачепување.
Ако машината се заглави, веднаш применувајте
помалку притисок на педалата. Повторете го
процесот додека цевката се нe ослободи.
Ослободување на спирала во цевката
Опуштете ја спирала (ослободете го пресвртот):
1. Запрете го туркањето напред.
2. Поставете го главниот прекинувач Во насока налево
и притиснете на педалата кратко еднаш, за да се
сврти спиралата кратко. Не држете ја педалата
притисната.
3. Повлечете ја спиралата неколку сантиметри надвор
од цевката, за да ја олабавите.
4. Откако спиралата е веќе ослободена и машината
запре, поставете го главниот прекинувач пак Во
насока надесно и продолжете со расчистување на
зачепување.
Внимание! Ако машината работи во насока налево
подолг временски период, тоа може да ја оштети
спиралата и додатоците.
МАКЕДОНСКИ
155

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières