Télécharger Imprimer la page

GGP ITALY SPA ES 460 Manuel D'utilisation page 38

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
MK
ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте го упатството. Запознајте се со командите и
правилното користење на косачката. Научете како брзо да го сопрете
моторот.
2) Користете ја косачката за потреба само за она за што е наменета, т.е.
за косење и собирање трева. Секоја друга употреба може да е опасна и да
предизвика оштетување на машината или повреда на лица. Се отфрлаат
при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
– превоз на деца или животни врз машината,
– транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината за собирање лисја или гранки,
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација
што не е трева,
– употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
– вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат овие
упатства да ја употребуваат косачката.
Можно е да постојат локални законски прописи во поглед на возраста на
корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
- кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица, деца или
домашни животни и миленици;
- ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции кои
можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање и
концентрација.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по
други лица или нивниот имот.
В) ПОДГОТОВКА
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи обувки.
Немојте да работите со тревокосачката босоноги или во отворени
сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја употребите
тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела да ги исфрли
(камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски, итн.).
3) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте ја косачката,
посебно ножот, и проверете дали сите завртрки и целиот склоп на ножот е
неоштетен или истрошен. Истрошените или оштетени ножеви и завртки
менувајте ги во комплети, за да се зачува балансот.
4) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори
(магацинот за трева или дефлекторот).
5) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влагата и електричната струја не се
компатибилни:
- ракувањето со каблите и нивното приклучување треба да се направи на
суво;
- никогаш не дозволувајте контакт на електричниот приклучок или кабелот
со влага (барички или влажна трева);
- поврзувањето меѓу каблите и приклучокот мора да е водоотпорно.
Користете продолжен кабел со интегрален приклучок кој може
комерцијално да се набави.
- Приклучете го апаратот на наизменична струја (RCD) со напон кој не е
поголем од 30 мА.
6) Каблите за приклучк мора да се со квалитет не помал од типот H05RN-F
или H05VV-F со минимална секција од 1,5 мм
должина од 25мм.
7) Прицврстете го кабелот за напојување на држачот-водилка пред да
започнете со употреба на опремата.
8) Трајното приклучување на било кој електричен уред на куќната
електрична инсталација мора да се изведе од страна на квалифукуван
електричар, во согласност со важечките правила. Неправилната
изведба на поврзувањето може да биде причина за сериозни повреди
или смрт.
С) КОРИСТЕЊЕ
1) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
2) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева или при
дождливо време.
3) Никогаш немојте да преминувате со тревокосачката преку кабелот
за напојување. Кога косите, кабелот треба секогаш да се влече зад
тревокосачката и да се оддалечува од делот кој веќе е покосен. Користете
го држачот-водилка за кабелот на начинот кој е веќе опишан во овој
прирачник за да се избегне случајно и несакано откачување на кабелот.
Проверете дали кабелот е сооддетно приклучен и избегнувајте приклучу-
вање во мрежната приклучница со прекумерно притискање.
4) Никогаш немојте да ја влечете тревокосачката за кабелот или да го
повлекувате кабелот за да ја исклучите од мрежата. Немојте да го
изложувате кабелот на извори на топлина и не дозволувајте да доаѓа во
36
2
и најголема дозволена
допир со масла, разредувачи или остри предмети.
5) Внимателно движете со по косини.
6) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече.
7) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете
посебно внимателни.
8) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете
посебно внимателни.
9) Не косете по многу искосени терени.
10) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно внимателни.
11) Кога косачката треба да ја навалите за да ја пренесете преку површина
која не е под трева, или додека ја носите до површината која треба да се
коси, запрете го ножот.
12) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или без
безбедносни уреди, на пример дефлектор, магацин за трева и слично.
13) На моделите со спојка на погонот, пред стартување на моторот
исклучете го погонот.
14) Моторот стартувајте го или вклучете го според упатствата и осигурете
се дека нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.
15) Не ја искосувајте косачката додека работи моторот, освен ако е
неопходно при негово стартување. Во овој случај, не ја наведнувајте повеќе
од она што е неопходно потребно за да се подигне само делот што е далеку
од операторот. Бидете сигурни дека секогаш ги држите двете раце во
функционална положба пред повторно да ја исправите косачката.
16) Не ги приближувајте рацете или нозете до или под подвижните
делови на косачката. Секогаш држете се настрана од отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако моторот
работи.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот за напојување од
електричната мрежа:
- пред да пристапите кон било каква работа под платформата на ножот или
пред чистење на запречениот отвор за исфрлање на покосена трева;
- пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
- по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е оштетена
и поправете ја пред да продолжите со работа;
- ако тревокосачката започне да вибрира на ненормален начин (веднаш
побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за неопходни проверки
во специјализиран сервис).
- кога ја оставате тревокосачката без надзор;
- кога ја транспортирате опремата.
19) Запрете го моторот:
- секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;
- пред регулирање на височината на косење.
20) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот. Тоа растојание
е должината на ракофатот за водење на тревокосачката.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ
1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за
да сте сигурни дека косачката е безбедна за ра-бота. Редовното одржување
е основен предуслов за безбедност и за одржување на доб рите
перформанси на тревокосачката.
2) За да го намалите ризикот од пожар, одржувајте ја тревокосачката,
посебно моторот, чист и без остатоци од трева, лисје или масни наслојки. Во
просторијата немојте да чувате контејнери со отпадоци.
3) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите
навреме дали се оштетени или истрошени.
4) Периодично проверувајте ги електричните кабли и заменете ги ако се
оштетени или ако изолацијата им е оштетена. Никогаш немојте да
допирате кабел со лоша изолација ако е приклучен во електричната мрежа.
Пред да превземете било што, исклучете го кабелот од мрежната
приклучница.
5) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ракавици.
6) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот. Сите
операции кои се однесуваат на ножот (расклопување, острење,
урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која бара специфична
надлежност како и примена на соодветни алатки; поради безбедносни
причини, потребно е сите операции да бидат извршени во специјализиран
центар.
7) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои делови се
во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се заменат и
никогаш да не се поправаат. Користете оригинални резервни делови.
Деловите со несоодветен квалитет може да ја оштетат машината и да ја
загрозат личната безбедност.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или
наведнување на тревокосачката, потребно е:
- а да носите цврсти ракавици за работа;
- а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно прифаќање,
водејќи сметка за тежината и за нејзиниот транспорт;
- да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на машината и на
карактеристиките на превозното средство или на местото каде што
машината треба да биде поставена или подигната.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на
јажиња или синџири.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Esl 460Es 460 trEsl 460 tr