Skil 3550 Notice Originale page 165

Masquer les pouces Voir aussi pour 3550:
Table des Matières

Publicité

со овој електричен алат
ПРЕД УПОТРЕБА
Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
Не работете со овој алат држејќи го над главата
Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш
немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
5 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
6 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
Монтирање на сечилото за пилата 2
! извадете ја батеријата од машината
- земете хексагонален клуч A од складот B
- притиснете го копчето за заклучување C и
држете го додека ја отстранувате навртката за
разлабавување на сечилото D со вртење со инбус
A НА ЛЕВО (= во истиот правец како и стрелката
отпечатена на сечилото)
! копчето за заклучување на вретеното C
притиснете го кога електричниот алат целосно
ќе застане
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
- отстранете го штитникот E
! проверете дали површините со спрегите H
на штитникот се целосно чисти и свртете го
сечилото
- отворете го долниот заштитник F со рачката
G и држете го додека го поставувате сечилото
за пилата со запчите и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на горниот заштитник
- олабавете го долниот заштитен механизам F
- поставете штитник E
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
инбус за 1/8 вртења по што треба да затегнете со
прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото
на пилата кога ќе дојде до прекумерен отпор и
оптеретување на моторот и повратен удар на
пилата)
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
Подесување на длабочината на сечењето (0-61 мм)
7
- заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото
на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм
под делот за работа
- пуштете го копчето J
- подигнете/спуштете го нивото K додека не ја
подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот L
- прицврстете го копчето J
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете го копчето за индикаторот за нивото
на батеријата AC за да се прикаже нивото на
батеријата.
Подесување на аголот на сечење (0-50°) 9
- пуштете го копчето M
- налегнувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење, со користење на
индикаторот N
- прицврстете го копчето M
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната скала
за длабочина на сечењето
Проверка на аголот за сечење од 90° 9
- подесете и прицврстете го нивото K на максимална
длабочина за сечење 7
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
165

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières