Skil 3550 Notice Originale page 163

Masquer les pouces Voir aussi pour 3550:
Table des Matières

Publicité

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНИМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА
АПАРАТ СО АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само во апаратите
за полнење кои се пропишани од страна на
производителот. За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или
други, мали предмети кои може да направат
краток спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА СО БЕЗЖИЧНА
КРУЖНА ПИЛА
1) ПОСТАПКИ ЗА СЕЧЕЊЕ
a)
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку
-
од областа за сечење и од сечилото. Држете
ја другата рака на помошната рачка или на
куќиштето за моторот. Ако двете раце ја држат
пилата, не може да бидат исечени со сечилото.
b) Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате. Заштитниот механизам не може да
ве штити од сечило под работниот простор.
c) Длабочината на сечењето подесете ја на
дебелината на работниот простор. Под работниот
простор треба да се гледа помалку од цел забец на
сечилото.
d) Никогаш не држете го парчето за работа во
раце или преку нога. Обезбедете стабилна
површина за парчето за работа. Важно е да имате
стабилна потпора во текот на работа за да се намали
изложување на телото, контакт со сечивото или
загуба на контролата.
e) Фаќајте го електричниот апарат само за
изолираните рачки, кога извршувате работи
каде алатот за сечење може да дојде во контакт
со инсталации или со сопствениот кабел
(контактот со електрична инсталација исто така
ги прави изложените метални делови на алатот
наелектризирани и може да доведе до струен удар)
f) При сечење, секогаш користете заштитна ограда
или механизам за заптита на рамни рабови. Така
ќе ја подобрите прецизноста на сечењето и ќе го
намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна
големина и облик за отворите во вретеното
(облик на дијамант или круг). Сечилата кои не се
соодветни со хардветор за поставување на пилата,
неправилно ќе се вртат и ќе предизвикаат губење на
контрола.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни
запчаници или резиња за сечила. Запчаниците
и резињата за сечила се посебно дизајнирани за
вашата пила, заради оптимални перформанси и
безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Повратниот удар претставува изненадна реакција
на пробивање, удар или лошо порамнето сечило на
пилата, кој предизвикува неконтролирано мрдање
на пилата од местото на работата и подигнување кон
оној кој ракува со пилата
Кога сечилото ќе пробие или силно ќе удри за време
на затворање на засекот, сечилото застанува и
моторот забрзано ја води единицата кон оној кој
ракува со апаратот
Доколку сечилото се вовлече навнатре или не е
порамнето со површината која се сече, запците
на задниот раб на сечилото може да се забијат во
горната површина на дрвото и да предизвикаат
дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон
оној кој ракува со алатот
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е
посочено подолу.
a) Цврсто држете ја рачката на пилата, со две
раце, и поставете ги рацете така што да можете
да го издржите повратниот удар. Телото треба
да се наоѓа од едната страна на сечилото,
а не во линија со сечилото. Повратниот удар
163

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières