Dremel DSM20 Traduction De La Notice Originale page 137

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие упатства,
земајќи ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВО ВРСКА СО МАШИНАТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА МАШИНАТА
ЗА СЕЧЕЊЕ
a. Штитникот испорачан со алатот мора да биде
безбедно прикачен за алатот и поставен да
обезбеди максимална безбедност, така што
дискот за сечење да биде што помалку изложен
кон операторот. Поставете се, вие и присутните,
надвор од рамнината на вртење на дискот.
Штитникот помага да се заштити операторот
од парченцата скршени од дискот за сечење и од
случаен контакт со дискот за сечење.
b. За вашиот електричен алат користете само
армирани или дијамантски дискови за сечење.
Тоа што некој додаток може да се стави на
електричниот алат не значи дека е осигурено
безбедно работење.
c. Номиналната брзина на додатокот мора да
биде поголема или еднаква на максималната
брзина што е означена на алатот. Додатокот
што работи со брзина поголема од неговата
номинална брзина, може да се скрши и да се
разлета.
d. Дисковите за сечење смеат да се користат само
за препорачаните видови примена. На пример:
немојте да брусите со бочната страна на диск
за сечење. Абразивните плочи за сечење се
предвидени за периферно брусење, а бочната
примена на сила врз брусната плоча може да
предизвика тие да се се скршат.
e. Секогаш користете неоштетени подлошки со
соодветен пречник за избраниот диск за сечење.
Соодветните подлошки за дисковите за сечење го
попираат дискот и така ја намалуваат можноста
од негово кршење.
f.
Не користете истрошени зајакнати дискови од
поголем електричен алат. Дисковите за сечење
наменети за поголем електричен алат не се
погодни за поголемите брзини на помалиот алат
и можат да се распрснат.
g. Надворешнот пречник и дебелината на
Вашиот прибор мора да бидат во рамките на
капацитетот на Вашиот електричен алат. За
несоодветно димензионираните додатоци не
може адекватно да се постави заштита и да се
контролираат.
h. Големината на отворот на дисковите и
подлошките мора соодветно да одговара на
вретеното на електричниот алат. Дисковите за
сечење и подлошките што не одговараат на
приборот за монтажа на електричниот алат ќе
се вртат ексцентрично, ќе вибрираат прекумерно
и може да предизвикаат губење на контролата.
i.
Не користете оштетени дискови за сечење. Пред
секоја употреба, проверете ги дисковите дали
се поткршени или напукнати. Ако електричниот
алат или дискот падне, проверете дали има
оштетувања или монтирајте неоштетен диск.
Откако ќе го прегледате и ќе го инсталирате
дискот, вие и присутните лица поставете се
надвор од рамнината на вртење на вртливиот
диск и пуштете го електричниот алат да работи
една минута со максимален број на вртежи без
оптоварување. Оштетените дискови обично се
кршат во текот на ова тестирање.
j.
Носете опрема за лична заштита. Во зависност
од уредот, користете заштита за лицето, заштита
за очите или заштитни очила. Ако е потребно,
носете маска против прашина, заштита за ушите,
ракавици и работна престилка која може да
заштити од мали честички или отпадоци од
брусење. Заштитата за очи мора да штити
од разлетаните честички кои настануваат при
различни операции. Маската за прашина или
респираторната маска мора да бидат во можност
да заштитат од разлетаните честички кои
настануваат при Вашето работење. Доколку
подолготрајно сте изложени на висока бучава,
тоа може да предизвика губење на слухот.
k. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на
доволна оддалеченост од работниот простор.
Лицата што ќе останат во Вашиот работен
простор мора да носат опрема за лична
заштита. Честички од работниот предмет или од
скршениот прибор можат да летаат наоколу и
да предизвикаат повреда надвор од непосредниот
работен простор.
l.
Електричниот алат држете го само за изолирани
површини за држење, кога извршувате работи
при кои додатоците за сечење може да дојдат
во контакт со скриени електрични водови или
со сопствениот напоен кабел. Опремата за
сечење која ќе дојде во допир со жица под напон,
може да предизвика изложените метални делови
од електричниот алат да дојдат под напон и да
предизвика електричен шок за операторот.
m. Држете го кабелот настрана од приборот кој се
ротира. Ако изгубите контрола, кабелот може
да се пресече или да се заплетка, а ротациониот
прибор може да ви ја повлече дланката или
раката.
n. Никогаш не спуштајте го електричниот алат
додека движењето на приборот целосно не
запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати
површината на која го одлагате, а Вие да
изгубите контрола над електричниот алат.
o. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат
додека го носите. Случајниот контакт со
ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати
облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви
се зарие во телото.
p. Редовно чистете ги отворите за вентилација
на Вашиот електричен алат. Вентилаторот
на моторот ја привлекува прашината во
внатрешноста на куќиштето, и прекумерното
насобирање на метален прав може да предизвика
електрична опасност.
q. Немојте да ракувате со електричниот алат во
близина на запалливи материи. Искрите би
можеле да ги запалат тие материјали.
r.
Немојте да користите прибор кој изискува течни
средства за ладење. Користењето вода или
137

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Dremel DSM20

Ce manuel est également adapté pour:

Dsm20-3/4

Table des Matières